„Пирели“ кој е официјален дистрибутер на гуми за екипите во Формула 1, откри каков избор направиле тимовите за претстојната Гран При трка на Австрија.
Впечатокот е дека изборот на Мерцедес е поагресивен споредено со тоа што го побарале од Ферари. Двајцата пилоти на „сребрената стрела“, Луис Хамилтон и Валтер Ботас, ќе користат девет комплети од меките дет- гуми додека пилотите на Скудерија, Себастијан Фетел и Шарл Леклер, ќе користат само седум групи на меки мешавини.
Лидерот на табелата, Хамилтон, ќе има по два комплетa хард и медиум мешавини додека неговиот клупски колега Ботас, ќе располага со еден сет хард и три сета медиум мешавини. Тимовите на Ферари и на „Racing Point“ се единствените кои ќе имаат седум видови на меки гуми за нивните возачи.
