Поранешниот Формула 1 возач, Ралф Шумахер, им се придружи на видните спортски личности кои му даваат поддршка на членот на Ферари, Себастијан Фетел, кој пак, јавно е критикуван за бројните грешки што ги направи во текот на сезонава.
Шпекулациите одат дури до таму што велат дека Фетел не е среќен во Ферари и дека може да се врати во Ред Бул. На тоа реагира Ралф Шумахер, брат на легендарниот Михаел, со потенцирање дека целата вина е во Ферари а не кај Фетел.
„Формула 1 стана покомплексна а Ферари не се адаптираше на условите. Болидот е тежок за управување и тоа влијае на Фетел да прави грешки. Тој е под старшен притисок додека е зад воланот. Фетел не може одеднаш да стане лош возач” – изјави Ралф Шумахер за медиумите во Германија.