Author: dino

Луис Хамилтон, ја продолжи доминацијата на Мерцедес во Формула 1 шампионатот откако победи на денешната трка возена за Големата награда на Унгарија на патеката Хунгароринг. Младиот Макс Верстапен со болидот на Ред Бул иако водеше 20 круга мораше да се задоволи со втората позиција додека третата му припадна на Себастијан Фетел од Ферари кој во самиот финиш го помина тимскиот колега Чарлс Леклер. Бодови уште освоија и Карлос Саинц, Пјер Гасли, Кими Раиконен, Валтери Ботас, Ландо Норис и Алекс Албон. Хамилтон во генералниот пласман има 250 бодови, втор е Валери Ботас со 188 а трет Верстапен со 181. Наредната трка ќе се…

Read More

Возачот на Хонда, Марк Маркез, дојде до шестата сезонска победа во кралската класа во Мото ГП-шампионатот откако попладнево доминираше на трката во Брно. Шпанецот на трката за Големата награда на Чешка ја оствари јубилејната 50-та победа во најсилната конкуренција во светскиот шампионат. Второто место му припадна на Андреа Довициозо од Италија а третото на Џек Милер од Австралија. Маркез денеска стана  четвртиот мотоциклист кој стигнал до бројката од 50 победи во најсилната – „Кралска класа“. Тој по десет трки останува лидер со 210 бодови пред се конкурентите од Дукати, двајцата Италијанци, Довициозо со 147 и Петручи со 128 бодови. Наредната…

Read More

Младиот фудбалер на Ајакс, Дони Ван Де Бек, потврди дека неговиот тим води преговори со Реал Мадрид и дека набрзо може да замине во Шпанија во редовите на „кралевите“. Тоа значи дека  „копјаниците“ по Матијас Де Лихт и Френки Де Јонгс би можел да продадат уште еден од клучните играчи во минатата сезона. „Реал Мадрид е во контакт со Ајакс, но, сега не можам да кажам ништо повеќе. Мојот агент разговараше со нив“ – изјави Ван Де Бек. Според одредени шпекулации, Реал Мадрид е пдоогтвен да плати за напаѓачот околу 60 милиони евра.

Read More

Првите луѓе на фудбалскиот состав  Реал Мадрид најверојатно ќе се премислат во врска со Пол Погба и нема да испратат понуда за играчот на Манчестер Јунајтед, наведуваат медиумите во Англија. Денеска британскиот Мирор објави дека од трансферот нема да се случи бидејќи „кралевите“ процениле дека Французинот ќе излезе премногу скап. Ако се направи комплетна анализа за сите трошоци што ќе ги има Реал Мадрид доколку го купи Погба, тогаш се доаѓа до неверојатна сума од околу 270 милиони евра. Тука се вклучени парите за трансфер, платата на Погба и процентот што треба да го добие неговиот агент задолжен зa трансфери,…

Read More

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона, денеска го потврди трансферот на Жуниор Фирпол кој беше купен од екипата на Реал Бетис за сума од 18 милиони евра плус бонуси во висина од 12 милиони во зависност од успесите на клубот. Фирпо кој во редовите на Каталонците ќе му биде конкуренција на Жорди Алба, потпиша договор за пет сезони што значи дека ќе остане на „Камп Ноу“ до 2024 година. Неговиот нов тим веднаш му постави и неверојатна откупна клаузула во висина од 200 милиони евра.

Read More

Англискиот фудбалски состав Евертон денеска го промовираше Моизе Кин кој дојде од Јувентус како петтото летно засилување за наредната сезона. Младиот напаѓач кој има само 19 години, се вбројува меѓу најталентираните голгетери во Европа и сигурно ќе биде големо освежување во нападот на популарните „карамели’ кои во изминатата сезона имаа многу проблеми со реализацијата. Евертон во текот на летово ги обезбеди и новите играчи од средниот ред Андре Гомеш, Фабиан Делф и Жан-Филип Гбамин како  голманот Јонас Лосл. Самиот Кин не крие дека е презадоволен што се активирал во Премиер лигата. „Многу сум горд што ќе го носам дресот на…

Read More

Марк Вестапен, ќе стартува од пол-позицијата на утрешната 12-тата трка во Формула 1 шампионатот која ќе се вози за Големата награда на Унгарија. Возачот на Ред Бул денеска на патеката Хунгаро-ринг за прв пат во кариерата успеа да победи на официјалните квалификации откако ги остави зад него возачите на Мерцедес. Валтери Ботас утре ќе биде во првиот стартен ред а светскиот шампион, Луис Хамилтон, ќе ја има третата стартна позиција. Понатаму ќе бидат наредени: Леклерк и Фетел со Ферари и Гасли со возилото на Ред Бул. Што се однесува до генералниот пласман кај возачите, Хамилтоне лидер со 225 бодови пред тимскиот…

Read More

Првите луѓе на Манчестер Сити поставија неверојатно висока цена за Лерој Сане кој се наоѓа на списокот на посакувани играчи од страна на тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач. Според германските медиуми, Баварците се подготвени да издвојат максимум околу 100 милиони за да ги обезбедат услугите на 23-годишниот репрезентативец на „панцирите“. Сане во 2016 година за околу 50 милиони евра го напушти Шалке и се пресели кај „граѓаните“. Тој во претходната сезона одигра 47 натпревари на кои постигна 16 голови и направи 18 асистенции.

Read More

Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Томас Тухел, пред денешниот меч од Супер Купот на Франција против екипата на Рен, нагласи дека Нејмар е максимално подготвен за наредната сезона, но, дека денеска нема да игра бидејќи е казнет. „Нејмар е во неговата препознатлива форма. Тој се однесува нормално на тренинзите и ми рече сака да игра“ – вели Тухел. „Сепак поради казната од претходната сезона ќе мора да го пропушти првиот официјален натпревар. Неговата поддршка мнoгу им значи на фудбалерите“ – вели тренерот на „светците“.

Read More

Фудбалерот, Лука Модриќ, кој отворено најави дека сака да си замине од редовите на Реал Мадрид, има реална шанса да заигра во екипата на Милан, објавија медиумите на „Чизмата“. Тие повикувајќи се на извори блиски до „росонерите“, објавија дека  агентот на Модриќ имал средба со Звонимир Бобан на која биле договорени сите детали. Наводно, Хрватот треба да потпише договор за две сезони со годишна плата од 7,5 милиони евра, плус бонуси ако клубот обезбеди место во Лигата на шампионите. Во целата приказна влегува и најавата дека „кралевите“ упорно работат на ангажман на играчот на Ајакс, Дони Ван Бек, кој би…

Read More