Атлетичарката од Австралија, Сали Пирсон, објави дека се повлекува од спортот бидејќи нејзиното тело соочено со неколку повреди не може да го издржи напорот. Олимписката и воедно светска шампионка на 100 метри со пречки, дефинитивно нема да се појави на наредните игри и нема да го брани златниот медал од Лондон. „Цели 16 години сум во репрезентација. Моето тело не може да го издржи напорот. Имав шесте повреди за кои никој не знае а треба да тренирам напорно и уште една година за Олимписки игри, знам дека моето тело не може да го издржи тоа“ – потенцираше Пирсон.
Author: dino
Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Попович, на стартот на подготовките за Светското првенство во Кина, се осврна на бројните откажувања и на некој начин им посочи на тие што ја прифатија покана што значи настап на Мундијалот. „Учеството на Светско првенство е многу повеќе од настап во НБА, но, некои не го разбираат тоа. Кога ќе се пензионираат, ќе им стане јасно што пропуштиле“ – потенцираше Попович откако се соочи со неверојатна бројка бидејќи му откажаа дури 16 кошаркари. Селекцијата на САД која е главниот фаворит за освојување на златниот медал, во групната фаза на СП ќе игра…
Бразилскиот фудбалер во редовите на Ливерпул, Фабињо, наводно ги договорил личните услови со Реал Мадрид и набрзо ќе се пресели на „Сантијаго Бернабе“, велат последните шпекулации поврзани со трансфер пазарот. Шпанските медиуми дури тврдат дека играчот ќе потпише договор до 2024. година и ќе заработува по 7.5 милиони евра годишно. Ќе потсетиме дека Фабињо во 2012 година беше дел од „кралевите“ како позајмен играч од Рио Аве, но, не се наметна за првиот тим.
Кевин Принс Боатенг кој во новата фудбалска сезона ќе ги брани боите на италијанската Фиорентина, се наврати на времето кога играше во редовите на шпанскиот шампион, Барселона предводен од Лео Меси. „Беше прекрасно да се биде член на Барселона и да се работи со најдобрите во светот. Јас скоро и да не добивав шанса, но, барем ќе можам да кажам дека сум играл заедно со Меси“ – изјави Боатенг кој за тимот од „Камп Ноу“ одигра само четири средби. Неговиот трансфер од Сасуоло во Фиорентина вреди еден милион евра.
Тројца членови на организацискиот комитет на СП во фудбал во 2006 во Германија се обвинети за малверзација и перење на пари од страна на Швајцарското јавно обвинителство, објавија медиумите во Германија. Станува збор запоранешниот прв човек на германскиот фудбал Тео Цванцигер, соработникот Хорст Шмит, како и генералниот секретар и член во ФИФА, Урс Линси. Тие се товарат за измама со 6,7 милиони евра. Во целиот случај е инволвиран и легендарниот Бекенбауер, кој беше посочен како главната фигура која ѝ го обезбеди Мундијалот на Германија.
Кошаркарот, Винс Картер, кој има осум учества во „Ол Стар“ мечевите во НБА, најави дека ќе ја реализира 22-та сезона и тоа во дресот на Атланта Хокс. Тоа значи дека Картер кој во јануари ќе наполни 43 години ќе ги надмине Дирк Новицки, Кевин Гарнет, Кевин Вилис и Роберт Париш кои имаат одиграно по 21-на сезона. Тој воедно ќе биде и највозрасниот активен играч во НБА конкуренцијата. Картер ја започна кариерата во 1998 година во тимот на Торонто а потоа ги бранеше боите на Њу Џерси, Орландо, Феникс, Далас, Мемфис и Сакраменто.
Репрезентативецот на Чешка, Јан Весели, поради повреда на коленото нема да се појави на кошаркарскиот Мундијал во Кина, објави неговата матична федерација. Тоа значи дека 29-годишниот член на Фенербахче нема да игра за Чесите во нивниот премиерен настап на светските шампионати. „За жал, нема да учествувам. Здравјето е пред се и мора максимално да се опоравам. Со нетрпение го очекував собирот, но, поради здравствени проблеми нема да учествувам“ – искоментира Весели кој беше прогласен за МВП во регуларниот дел во претходната сезона во Евролигата. Неговата селекција на Светското првенство ќе настапи во групата во Шангај во која ќе бидат и…
Американецот, Маркус Џексон, е најновото засилување на кошаркарскиот суперлигаш АБ Охрид, пренесува денеска – „Охрид њус“. 24-годишното крило кое доаѓа од колеџот во Санта Барбара ќе биде седмото летно засилување за клубот. Претходно беа ангажирани: Марјан Младеновиќ, Војче Лефковски, Адем Мекиќ, Игор Пенов, Александар Штерјов и Данило Мијатовиќ. Се очекува Охриѓани да донесат уште еден или двајца интернационалци и со тоа да го комплетираат тимот за новата сезона.
Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, кој игра во САД за екипата на Ди-Си Јунајтед, одлучил да се врати во англискиот фудбал и тоа со двојна улога. Искусниот играч во почетокот на 2020 година ќе се врати во татковината во улога на играч-тренер и тоа во екипата на Дерби Каунти кој се натпреварува во пониските категории во Англија. На тој начин, Руни ќе ги исполни најавите и полека ќе влезе во тренерските води. Руни во тековнава сезона во МЛС лигата одигра 23 меча и постигна 11 гола.
Англискиот фудбалски состав Арсенал денеска потврди дека ќе му ја исполни желбата на Лорен Косчилни и дека ќе му дозволи да направи трансфер во Франција во екипата на Бордо. Капитенот на „топчиите“ кој инсистираше да ги пропушти летните подготовките, требаше да одработи уште една сезона пред да му заврши договорот со тимот од Лондон. Тој сепак одби да игра на пријателските мечеви и инсистираше на заминување. Реномираниот француски весник Л’Екип објави дека Филипе Кутињо треба да се пресели во Арсенал. Бразилецот ќе биде испратен во Северен Лондон на позајмица а „точиите“за тоа ќе платат од 25 до 30 милиони.
