Црвена Ѕвезда по дури 22 удари од белата точка го елиминираше Копенхаген и се пласираше во плеј-офот во Лигата на фудбалските шампиони. Мечот Данска заврши нерешено 1-1 во регуларниот дел и по продолженијата по што започна пенал-серијата. Таа донесе траги-комични шутеви поради тревата околу белата точка која беше оштетена и раскопана. Тоа им направи големи проблеми на играчите кои имаа неверојатно лоши обиди да ја погодат мрежата. Бидејќи се шутираше дури 22 пати, голманите Панков и Винд мораа и по втор пат да шутираат и токму тогаш беше решен победникот. Винд не успеа да даде гол по што започна радоста…
Author: dino
Унгарскиот ракометен состав Татабања не ги исполнил бараните услови од СЕХА и нема да настапи во новата сезона во Регионалната конкуренција, стои во соопштението на интернет-страницата на СЕХА. Откако унгарскиот тим и првите луѓе на регионалната конкуренција не успеале да најдат заеднички јазик, Татабања е избришана од списокот за наредната сезона а на нејзиното место во групата „А“ е вметнат тимот на Спартак Москва. Тоа значи дека Вардарци кои се бранители на пехарот од претходната сезона, сега ќе ги очекува патување во Русија на теренот на Спартак. Покрај тие два тима во групата „А“ се уште и: Нексе, Татран Прешов,…
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, очекува младиот напаѓач Маркус Рашфорд да постигне минимум 20-гола во тековнава сезона во Премиер лигата, наведува весникот – „The Sun“, повикувајќи се на извори блиски до клубот од – „Олд Трафорд“. Рашфорд во претходната сезона одигра 47 натпревари и постигна скромни 13 голови. Затоа норвешкиот стратег во текот на летово работел посебно со Рашфорд за да го подобри неговото движење во и надвор од шеснаесетникот, се наведува во објавата на весникот. Манчестер Јунајтед на стартот на сезоната славеше убедлива победа против Челзи а Рашфорд веднаш „покажа“ дека ги слуша советите на…
Ветеранот во НБА лигата, Кајл Лаури, кој настапува за шампионскиот состав на Торонто, нема да се појави во дресот на САД на Светското првенство во Кина. Искусниот кошаркар не успеа да ја санира навреме повредата на палецот на левата рака и затоа нема да настапи за „Дрим тимот“. „Мислев дека ќе успеам да ја надминам повредата. Се надевав дека ќе му бидам на располагање на селекторот, но, тоа нема да се случи“ – вели Лаури. Селекторот на САД, Грег Попович , до 29 август ќе треба да одбере 12 играчи кои ќе настапат на Мундијалот во Кина. Неговата селекција е…
Поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Вилфред Бони, бил фотографиран како работи со тимот на Њупорт. Клубот од Велс кој игра во Лига 2 е одушевен што го има Бони а тоа тоа потврдува и тренерот, Мајк Флин, кој истакна дека неговите играчи може да научат многу од човекот кој потекнува од Брегот на Слоновата Коска. Бони во 2015 година беше купен од „граѓаните“ за 30 милиони евра, но, не успеа да се наметне за првиот состав во исклучително силна конкуренција. Црномурестиот фудбалер последен пат беше активен во екипата на Ал-Араби од Катар.Таму одигра седум натпревари и постигна пет голови.
Нашата кадетска ракометна репрезентација на Светското првенство во Скопје денеска ја очекува натпреварот против Јапонија во рамките на последното коло во групата „Ц“. Бидејќи и ние и „самураите“ имаме обезбедено место во наредната фаза, дуелот закажан од 20.30 часот во СЦ Борис Трајковски ќе биде всушност директна пресметка за второто место кое треба да донесе и полесен противник на хартија во елиминацискиот дел. В пресрет на завршната рунда, нашиот капитен Мартин Серафимов и десното крило, Ненад Костески, остануваат на врвот на листата на голгетерите. Серафимов има 33 голови а Костески еден помалку. На третото место е Нигериецот Фарук Јусуф со…
Тренерот на Јувентус, Мурицио Сари, ќе мора да отпише шест фудбалери за новата сезона за Лигата на фудбалските шампиони бидејќи неговиот ростер е далеку поброен од тоа што го дозволуваат правилата на УЕФА. Италијанскиот стартег кој во текот на летово успеа да го ангажира најдобриот млад дефанзивец на светов, Матијас Де Лихт како и искусните играчи од средниот ред, Арон Рамзи и Адриен Рабио, ќе има проблем да состави листа од 22 играчи кои ќе можат да настапуваат во елитата на Стариот континент. Медиумите во Италија проценија дека „старата дама“ во ЛШ нема да ги пријави: Марио Манџукиќ, Сами Кедира, Матија Перин, Лука…
Клубот од Лондон, Челзи, кој не смее да купува фудбалери во текот на летово бидејќи има забрана од УЕФА, се надева дека работите набрзо ќе се променат и дека ќе може да ангажира нови играчи уште во јануари во 2020 година. Имено, Англичаните испратиле уште една жалба на одлуката која им забранува да бидат активни на трансфер пазарот со надеж дека таа ќе биде прифатена и дека рокот ќе биде драстично намален. Медиумите прогнозираат дека новиот трене на „сините“, Франк Лампард, сака да ангажира лев бек и дека на неговиот радар се наоѓа Бен Чилвел од Лестер кој има трансферна…
Мајкл Бизли ја одбил понудата од 2,6 милиони долари од Кина за да се обиде да се врати во НБА. 30-годишниот кошаркар кој беше избран како втор пик на драфтот во 2008 година, ќе се приклучи на тренинг-кампот кај Детроит Пистонс. Поранешниот играч на Мајами, Минесота, Феникс, Хјустон, Милвоки, Њујорк и Лос Анџелес Лејкерс, кој последно играше во Гуангдонг во Кина, беше казнет од НБА со забрана за настап на 5 натпревари поради кршење на правилата за анти-допинг. Крилниот кошаркар кој има 206 сантиметри, има одиграно 609 натпревари во редовната сезона (12,4 поени, 4,7 скока и 1,3 асистенции) и уште…
Жозе Мурињо, кој нема тренерски ангажман, вчера на телевизијата – „Скај Спорт“ беше во улога на стручен коментатор на дерби мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Челзи одигран на стадионот – „Олд Трафорд“. Специјалниот по натпреварот посебно го издвои најскапото летно засилување кај домаќинот, Хари Мегваер, кој беше прогласен и за играч на мечот. „Апослутно ја заслужи наградата бидејќи беше цврст како карпа. Еден тим може да биде опасен во нападот, но, ако играчите не чуствуваат сигурност кај соиграчите од одбраната, тогаш тоа го намалува нивото на самодоверба кај сите“ – потенцираше Мурињо.
