Author: dino

Младиот фудбалер на Барселона, Осман Дембеле, поради повреда ќе отсуствува од терените околу еден месец, објави каталонскиот состав. Францускиот интернационалец ги одигра сите 90 минути на гостувањето кај Атлетик Билбао од воведното коло во Примера Дивизион кога неговиот тим загуби со 1 спрема 0.  22 годишниот фудбалер кој две сезони ги брани боите на Барса досега има пропуштено 53 натпревари главно поради повреди. Отсуството на Дембеле ќе биде голем удар за тренерот на Барселона кој не може да ги користи услугите и на првите ѕвезди во тимот, повредените Меси и Суарез.

Read More

Ливерул и Арсенал кои започнаа со максимални две победи во новата сезона во Премиер лигата на Англија ќе се сретнат в сабота во рамките на 3 коло и тоа на теренот на „црвените“. Менаџерот на „топчиите“, Унај Емери, пред гостувањето на „Енфилд“, потенцира дека нема желба да игра со Ливерпул повикувајќи се на последните три меча кога неговиот тим остана без бод. „ Не сакаме да играме против Ливерпул, што се однесува до нас, подобро никогаш да не играме против нив. Сега, тоа ќе биде голем тест за нас. Наша цел е да го намалиме заостатокот во однос на екипте…

Read More

Заминувањето на Фелипе Кутињо од Барселона во Баерн Минхен ќе се одрази на клупската каса на фудбалскиот состав Ливерпул кој ќе остане без голем бонус. Имено, шпанскиот состав е должен да му плати 20 милиони евра на Ливерпул кога Кутињо ќе оствари 100 настапи во дресот на Каталонците и дополнителни 5 милиони ако  биде освоена Лигата на фудбалските шампионите, но, откако Бразилецот со замина од „Камп Ноу“, екипата од Англија нема да добие ниту едно евро. Кутињо сега една сезона ќе игра како позајмен во Германија со опција да му биде откупен договорот во наредното лето.

Read More

Доминацијата на Мерцедес во првиот дел од тековната сезона  не се должи на гумите на Пирели, изјави шефот на компанијата, Марио Изола. Снабдувачот на гуми во Формула 1 воведе потенки модели кои беа тестирани во 2018 година во Шпанија, Велика Британија и Франција (Мерцедес освои две од споменатите три трки). Во тековнава година „Сребрената стрела“ има остварено 10 победи во 12 трки од кои дури во осун наварата двата возача на Мерцедес се искачија на првото и второто место на пиедесталот. „Очигледно Мерцедес се многу брзи, но, може да се запрашаме што се случува и со Мекларен? Торо Росо и Рено…

Read More
NBA

Откако кошаркарскиот состав на Лос Анџелес Лејкерс остана без услугите на малерозниот Демаркус Казинс кој потешко се повреди пред да започне сезоната и ќе мора да долга рехабилитација, „езерџиите“ експресно пронајдоа негова замена. Тимот од ЛА кој има шампионски амбиции не чекаше многу в пресрет на наредното издание на НБА и најде атрактивен играч кој ќе биде активен на центарската позиција. Станува збор за некогашниот член на Лејкерси, Двајт Хауард, кој се уште е под договор со тимот на Мемфис Гризлис. Прогнизите велат дека „мечките“ нема да му го откупи договорот на центарот по што тој ќе биде слободен играч.…

Read More

Новото засилување на Лос Анџелес Лејкерс, Демаркус Казнс, нема да добие шанса да заигра во почетокот на новата НБА сезона откако заработи тешка повреда на вкрстените лигаментите. Станува збор за една од најтешките повреди кај спортистите која треба да се санира во навистина долг период нешто слично како и повредата на ахиловата тетива. Новиот играч на „езерџиите“ се повредил на индивидуалните подготовки во Лас Вегас и сега ќе треба да паузира најмалку седум месеци. „Повредите се составен дел од спортот, но, тука зборуваме за човек кој мора да се бори со двете најтешки повреди за еден кошаркар, Ахиловата тетива и…

Read More

Хрватскиот фудбалски интернационалец во екипата на Ливерпул, Дејан Ловрен, нема да добие зелено светло да замине како позајмен во редовите на Рома откако италијанскиот клуб во последен момент ја промени понудата. „Волчицата“ првично понуди 18 милиони евра за да го откупи потписот на дефанзивецот што беше прифатено од Ливерпул, но, откако Калчо-лигашот  во последен момент да се премисли и испрати понуда да го земе на позајмица, „црвените“ ги прекинаа преговорите. Во меѓувреме се појавија гласини дека Ловрен успеал да ги договори личните услови со Рома и дека е само прашање на време кога ќе се реализира трансферот. Сега очигледно ситуацијата…

Read More

Младиот возач на Ред Бул, Макс Верстапен, се надева дека остане во Формула 1 шампионатот и во наредните 15 години и дека ќе седи зад управувачот кога ќе има 36 години. „Сега имам 21 година. Се надевам дека ќе останам во Формула 1 сè додека не наполнам 36 години. Треба да се напомене дека започнав на 17 години што е малку порано од вообичаеното“ – вели членот на Ред Бул. Според добрите познавачи на Формула 1, Верстапен има шанса да го собори рекордот на Себастијан Фетел кој е најмладиот шампион откако го совои трофејот на возраст од 23 години и…

Read More

Легендата на бугарскиот фудбал, Христо Стоичков, кој имаше блескави мигови додека го носеше дресот на шпанската Барселона, се осврна на највеното враќање на Бразилецот, Нејмар на „Камп Ноу“. Некогашниот играч на Каталонците вели дека Нејмар не и треба на Барса и дека неговото враќање ќе предизвика турбуленции во соблекувалната. Ќе потсетиме дека Нејмар во 2017 година направи рекорден трансфер од Барса во ПСЖ за 222 милиони евра, но, како што стохјат сега работите, лесно може да се случио репрезентативецот на „кариоките“ да се врати во шпанскито дел на Пиринеите.

Read More

Белгискиот фудбалски репрезентативец, Еден Азар, кој во текот на летово дојде како големо засилување за Реал Мадрид, нема да дебитира на утрешниот меч против Селата на стартот на новата сезона во Примера Дивизион. Според медиумите во Шпанија кои се повикуваат на информации од лекраскиот тим на „кралевите“, Азар на денешниот тренинг заработил повреда на бутниот мускул по што ќе мора да паузира најмалку 20-тина дена. Тоа значи дека играчот на Реал Мадрид, ќе ги пропушти сите средби во месец август а најверојатно нема да биде „фит“ ниту за квалификациските натпревари на Белгија за ЕВРО 2020 закажани за почетокот на месец…

Read More