Андреа Довицозо од Дукати победи на денешната трка во најсилната класа во Мото Гран при шампионатот која беше возена за големата награда на Австрија.
Тој на патеката Ред Бул Ринг, успеа да ја издржи битката во последните кругови со шампиониот, Марк Маркез, кој го пополни второто место на подиумот. Третото му припадна на Французинот, Фабио Квартараро, со моторот на Петронас Јамаха. По 11 трки, Маркез е лидер со 230 бодови пред Довициозо со 172 и Данило Петручи од Италија кој има 136 бодови.
Наредната трка од Светскиот шампионат во Мото Гран при конкуренцијата ќе биде реализирана на 29 август на патеката Силверстон за ГН на Британија.