Вирџил Ван Дајк кој имаше блескави настапи во дресот на актуелниот бранител на тронот во Лигата на фудбалските шампиони, Ливерпул, е прогласен за играч на годината во изборот на УЕФА. Стоперот на „црвените“’ и на селекцијата на Холандија успеа да ја добие трката со Лео Меси (Барселона) и Кристијано Роналдо (Јувентус) кои му беа главните конкуренти во најтесниот избор. Ван Дајк исто така ја подигна и наградата за најдобар дефанзивец во Лигата на шампионите додека неговиот клупски колега, Алисон Бекер, беше проглaсен за најдобар голман. Френки Де Јонг кој играше за полуфиналистот Ајакс а сега направи трансфер во Барселона, ја прими…
Author: dino
Денеска беа формирани групите за новата сезона во Лигата на фудбалските шампиони. Во групата „А“ ќе бидат ПСЖ, Реал Мадрид, Бриж и Глатасарај. Во групата „Б“ влегоа Баерн Минхен, Тотенхем, Олимпијакос и Црвена Ѕвезда, групата „Ц“ ја сочинуваат:Манчестер Сити, Шахтјор, Аталанта и Динамо Загреб на нашиот репрезентативец Аријан Адеми. Во групата „Д“ за првите две места ќе се борат:Јувентус со Роналдо, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен и Локомотив Москва.Во групата „Е“ ќе ги гледаме:бранителот на тронот Ливерпул, Наполи на нашиот Елиф Елмас, Салзбург и Генк. Во групата „Ф“ Барселона е главниот фаворит а за место во разигрувањето ќе треба да се…
Ракометарите на Вардар загубија од германскиот Кил со 34 спрема 30 и по втор пат не успеаа да влезат во големото финале на светското клупско првенство, Супер Глоуб. По вчерашната победа против домашниот Мудхар, „црвено-црните“ денеска делуваа исцрпени и без препознатливата агресивност и борбеност што максимално го искористи Бундес-тимот кој на моменти имаше преубедлива предност од 8 до 10 голови. Крилата на Вардар беа најефикасни, Дибиров, Шишкарев и Чупиќ постигнаа по пет голови. На спортивниот дел од теренот Билик даде девет погодоци додека Екберг застана на шест. Во второто полу-финале Барселона ја совлада екипата на Ал Вехда од Саудиска Арабија …
Првиот напаѓач на фудбалскиот состав Тотенхем, Хари Кејн, верува дека неговиот тим може да ја издржи трката за титулата во Премиер со Ливерпул и Манчестер Сити. „Се надевам дека ќе се вклучиме во битката. Можете да видите дека сè оди како што се очекуваше. Пред почетокот на првенство реков дека се надевам дека ќе одиме заедно со нив. Треба да победиме во наредните мечеви“ – вели Кејн. „Сите сме разочарани по поразот од Њукасл, но, треба да останеме смирени и да се обидеме да се вратиме во ритам. Верувам дека имаме квалитет да се радуваме на победа на дербито со…
Александар Албан го имаше првиот настап во тимот на Ред Бул откако во текот на летниот одмор беше објавено дека ќе го замени Пјер Гасли кој покажа слаби резултати во тековнава сезона. Французинот сега ќе се врати во Торо Росо откако не успеа да се адаптира на условите во Ред Бул и не ги прикажа вистинските вредности. Албан пак, кој ја одработува првата година во Ф1, имаше одлично пробно возење непосредно пред викенд трката за Големата награда на Белгија. Тој в петок на патеката –„Спа“, за прв пат и официјално ќе седне во болидот -RB15 и ќе ги реализира задолжителните…
Тренерот на кошаркарите на Партизан, Андреа Тринкиери, ги коментираше шансите на Србија на претстојното Светско првенство во Кина. 51-годишниот италијански специјалист проценува дека Србите можат да ги совладаат НБА ѕвездите во селекцијата на САД. „Американците остануваат број 1, но, Србија игра фантастична кошарка и мислам дека ниту еден друг светски тим нема да може да игра на тоа ниво. Сè може да се случи“ – вели Тринкиери. „Србите дефинитивно можат да победат Соединетите Американски Држави доколку двете земји се сретнат на Мундијалот. Мислам дека Американците се свесни за тоа “ – потенцираше тренерот кој втор сезона по ред ќе седи…
Фудбалерот на Хофенхајм, Андреј Крамариќ, откако имаше операција на десното колено, ќе мора да се рехабилитира подолг период, објави денеска елитниот состав кој настапува во Бундес-конкуренцијата. 28-годишниот хрватски напаѓач соочен со хронични болки во коленото се определи да се врати во татковината и да се подложи на операција. Репрезентативецот на „коцкестите“ кој се израдува на сребрениот медал на последниот Мундијал во Русија, се измачуваше со повредата на коленото додека течеа летните подготовки на тимот. Хрватот во претходната сезона во Бундеслигата постигна 17 голови и направи 4 асистенции на 30 одиграни средби. Крамариќ е број 1 во клупската историја на Хофенхајм…
Трансферот на Алексис Санчез во Интер би можел да биде блокиран во последен миг од страна на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер, пренесува денеска весникот – „Гардијан“. Причината за тоа е повредата на Антони Марсијал, кој ја доби на саботниот меч со Кристал Палас. По натпреварот, Солскјаер беше убеден дека Мартијал ќе се врати брзо, но, тоа не е сигурно. Доколку траумата е посериозна, Јунајтед ќе стави крај на преговорите со Интер. Платата на Чилеанецот е 20 милиони фунти годишно. Интер сака да покрие 3 милиони додека Јунајтед инсистира на тоа сумата да биде шест милиони.
Раководството на Манчестер Јунајтед добило понуда од Фиорентина за фудбалерот од средниот ред Фред, пренесуваат медиумите во Италија. Понудата е 16 милиони евра плус 4 за бонуси и 30% од евентуалната продажба на Бразилецот доколку сумата биде поголема од 20 милиони евра.Тоа значи дека вкупната вредност на понудата може да биде и половина од сумата што Јунајтед ја плати за Фред пред една година. Во тоа време, „црвените ѓаволи“ му дадоа на Шахтјор (Донецк) 60 милиони за играчот од средниот ред. Фред никогаш не се наметна во тимот на Јунајтед бидејќи одигра само 25 натпревари во сите конкуренции. Тој во…
Возачот на Мекларен во Формула 1, Ландо Норис, го повредил левото стапало и затоа ќе мора да се движи со ортопедско помагало. Тоа значи дека младиот возач најверојатно нема да се појави на Гран при трката во белгија откако ќе заврши летната пауза. Норис преку социјалните мрежи изрази желба да се трка и покрај тоа што е повреден. Од Мекларен соопштија дека 19-годишниот возач има шанси да биде во неговиот болид за неделната трка. Собирот во Белгија ќе биде во наредниот викенд
