Александар Албан го имаше првиот настап во тимот на Ред Бул откако во текот на летниот одмор беше објавено дека ќе го замени Пјер Гасли кој покажа слаби резултати во тековнава сезона.
Французинот сега ќе се врати во Торо Росо откако не успеа да се адаптира на условите во Ред Бул и не ги прикажа вистинските вредности. Албан пак, кој ја одработува првата година во Ф1, имаше одлично пробно возење непосредно пред викенд трката за Големата награда на Белгија.
Тој в петок на патеката –„Спа“, за прв пат и официјално ќе седне во болидот -RB15 и ќе ги реализира задолжителните тренинзи.