Шпанецот, Марк Маркез, со моторот на Репсол Хонда, ја обезбеди првата позицијата за утрешната 12-та сезонска трка во Мото ГП шампионатот која ќе биде возена на патеката – „Силверстон“.
Актуелниот бранител на тронот ја обезбеди осмата сезонска пол-позиција и тоа со мала предност пред Валентино Роси со моторот на Јамаха. Во првиот ред ќе уште и Џек Милер кој вози за „Дукати“.
Во подолните редови ќе бидат :Фабио Алекс Ринс, Маверик Вињалес, Андреа Довициозо, Франко Морбидели, Кал Крачлоу и Такаки Накагама. Трката на Силверстон ќе се вози утре од 14 часот.