Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Кајл Кузма, последен отпадна од списокот на селекторот на САД, Грег Поповиќ, кој денеска го соопшти конечниот избор за Светското првенство во Кина од 31 август до 15 септември.
Боите на САД ќе ги бранат: Харисон Барнс (Сакраменто), Џејлин Браун (Бостон), Џо Харис (Бруклин), Брук Лопез (Милвоки), Крис Мидлтон (Милвоки), Донован Мичел (Јута), Мејсон Палми (Денвер), Маркус Смарт (Бостон), Џејсон Тејтум (Бостон), Мајлс Тарнер (Индијана), Кемба Вокер (Бостон) и Дерик Вајт (Сан Антонио).
Селекцијата на САД која се наметнува како еден од фаворити за освојување на златниот медал, во првата групна фаза ќе биде со Турција, Јапонија и Чешка.