Нашите најдобри одбојкари не успеаа да направат изненадување против фаворизираната Русија и го претрпеа третиот пораз на Европското првенство. Во групата во Словенија која се реализира во салата –„Стожице“ во Љубљана, нашите одбојкари загубија очекувано од „Зборнаја“ со 3 спрема 0 по сетови (15-25, 16-25, 28-30). Актуелниот европски првак лесно ги доби првите два сета додека нашите „Спартанци“ пружија силен отпор во третиот кој го загубија на разлика со 30 спрема 28. Ние по три кола сме на дното на табелата со три порази од Финска, Турција и Русија додека Русите се на чело на табелата со максимален ефект. Македонија…
Author: dino
Ракометарите на Вардар со победа на теренот во Франција ја започнаа одбраната во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ во возбудлив меч исполнет со пресврти славеа против Монпелје со 33 спрема 31. Нашиот плеј-мејкер, Сташ Скубе, имаше одличен процент на реализација откако погоди осум пати од девет обиди. Ведна до него на листата на стрелците застана Дибиров со шест голови додека Шишкарев го заврши мечот со пет погодоци. Нашиот голман Гедбан имаше осум успешни интервенции а дел од нив беа во финишот кога се решаваше победникот. Вардар вториот меч во групата „Б“ во Лигата на шампините ќе го одигра на домашен терен…
Првите луѓе на фудбалскиот состав Челзи им ветиле на колегите од Реал Мадрид дека ќе им дозволат во наредното лето да го купат Нголо Канте доколку францускиот интернационалец биде ставен на трансфер листата. Бидејќи „сините“ поради казната од УЕФА не можат да ангажираат нови играчи, тие не сакале да се разделат со Французинот во текот на летото иако добиле понуда од „кралевите“. Медиумите од Шпанија објавија дека двете страни направиле договор и дека Реал Мадрид догодина ќе може да го ангажира Нголо доколку одличниот играч од средината на теренот одлучи да си замине од Англија.
Алберто Селадес го наследи Марселино Гарсија Торал на тренерската позиција во редовите на шпанската Валенсија. Поранешниот фудбалер на Барселона и Реал Мадрид, е свесен дека тоа ќе биде голем предизвик. „Валенсија е голем клуб. Не се плашам од предизвикот иако немам големо искуство во други клубови“ -истакна Селадес. „Нашата цел е да ги подобриме работите. Јас имам голема одговорност и верувам дека ќе успеам да направам добри резултати“ – вели новиот тренер на тимот од „Месталја“.
Легендарниот италијански фудбалер, Паоло Ди Канио, го коментираше трансферот на Мауро Икарди во редовите на ПСЖ. Тој посочи дека Аргентинецот е плашливец и дека максимално му одговара сегашниот состав. „Мене ме чуди што Анчелоти размислувал да го донесе Икарди во Наполи.Тој е плашливец бидејќи нема храброст а ниту образ да им се извини на соиграчите за глупостите што ги зборуваше неговата сопруга Ванда Нара. Неговиот трансфер во редовите на ПСЖ воопшто не ме изненадува“ – вели Ди Канио.
Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска ќе го има дебитантскиот настап на големо меѓународно натпреварување. Станува збор за Европското првенство кое за прв пат се реализира во четири земји. Македонија ќе биде во групата „Ц“ и натпреварите ќе ги одигра во салата –„Стожице“ во Љубљана. Прв предзивик за нашите „Спартанци“ ќе биде селекцијата на Финска. Двете земји досега не се сретнале во ниту едно натпреварување а проценките велат дека квалитетот е изедначен и дека можеме да ги очекуваме првите бодови. Мечот ќе започне во 17.30 часот. Покрај Финците во нашата група се уште и бранителот на тронот Русија, потоа домаќинот Словенија и…
Кошаркарите на Франција го направија најголемото изненадување на Светското првенство во Кина откако во четвртфиналето успеаа да ги совладаат Соединетите Американски Држави со 89-79. Иако во поголемиот дел од мечот европскиот состав го имаше темпото и држеше позитивен резултат, на крајот се влезе во крајно изедначена завршница во која тимот на САД направи премногу грешки а промаши и пет слободни фрлања. Тоа беше максимално казнето од противникот кој се израдува на голема победа. Еван Фурние со 22 поени, и Руди Гобер со 21 поен беа најдобри кај „триколорите“ додека кај Американците се издвои Мичел со 29 поени. Французите во наредната…
Јос Верстапен се обиде да објасни што биде пресудно за неговиот син Макс да потпише нов договор со екипата на Ред Бул во Формула 1. „Најзначајно е Макс да добие брз автомобил. Наредната година тој дефинитивно ќе вози за Ред Бул, но, за сезоната во 2021 година сите карти се отворени. Се зависи од тоа дали Макс ќе има доволно конкурентен болид за да се бори за највисок пласман во шампионатот“ – потенцираше Јос. Наредната трка во Формула 1 ќе биде возена на 20 септември за Големата награда на Сингапур. На табелата кај возачите, води Луис Хамилтон со 284 бодови…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, ќе добие дополнителен буџет за купување на нови фудбалери во јануарскиот трансфер период. „Црвените ѓаволи“ откако не успеаја да ги засилат сите проблематични позиции во текот на летото, сега најавија дека ќе бидат активни во текот на зимата. Главна цел ќе биде да се привлече централен напаѓач и уште еден играч од средниот ред. Јунајтед в пресрет на сезоната потроши 140 милиони фунти ангажирајќи тројца нови играчи – Хари Мегваер, Арон-Ван Бисака и Даниел Џејмесон. Во исто време од „ Олд Трафорд“ си заминаа шест фудбалери а нивните трансфери ја пополнија клупската каса…
Фудбалерот на Тотенхем, Џовани Ло Селсо, ќе биде надвор од игра до крајот на октомври откако се повреди на пријателскиот меч меѓу Аргентина и Чиле. Веднаш по мечот играчот од средниот ред кој беше купен од Бетис за 55 милиони фунти, изјави, дека повредатa не е сериозна но, денеска клубот објави дека 27-годишниот фудбалер ќе отсуствува од шест до осум недели. Тоа значи дека Ло Селсо нема да му биде на располагање на тренерот, Маурисио Покетино, за дуелите во Премиер-лигата против Кристал Палас, Лестер, Саутемптон, Брајтон, Ватфорд и Ливерпул. Аргентинецот ќе ги пропушти и натпреварите од групната фаза во Лигата…
