Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) додаде трета зона за користење на „ДРС“ системот на претстојната Гран-при трка во Формула 1 која ќе биде реализирана на патеката –„Марина Беј“.
Промената е дизајнирана за да ја зголеми можноста на пилотите да направат повеќе претекнувања на неделната трка. Новиот „DRS“ се наоѓа помеѓу 13-ти и 14-тиот свиок а возачите ќе можат да го активираат системот на вкупна должина од 78 метри . Другите две зони што се користеа во претходните години остануваат непроменети.
ФИА со најавениот потег сака да дозволи повеќе атракција и возбудувања на патеката во Сингапур. Возачите ќе можат да ги користат „DRS“ системите и на тренинг сесиите и на официјалните квалификации.