Скаути на Манчестер Јунајтед го гледале вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Бреша и Јувентус кој беше одигран во рамките на Серија „А“. Тие имале задача да го следат настапот на домашниот играч, Сандро Тонали, кој во континуитет прикажува блескави партии и за кого се заинтересирани неколку гиганти од Италија. „Газета дело Спорт“ пишува дека скаутите биле присутни на „Марио Ригамонти“ и биле импресионирани од 9 годишниот фудбалер кој влегува во радароти на: Интер, Јувентус, Наполи, Рома…..
Author: dino
Фудбалскиот состав Манчестер јунајтед ќе се обиде по секоја цена да привлече централен напаѓач во јануарскиот трансфер период, пренесува –„Independent“. Според весникот, управата на тимот и менаџерот Оле Гунар Солскјаер се договориле за две имиња што треба да го засилат нападот. Тоа се Марио Манџукиќ од редовите на Јувентус и Усман Дембеле од Барселона. Хрватот е ветеран а играчот на Каталонците е еден од најперспективните млади фудбалери и сигурно ќе биде исклучително тешко да се дојде до неговиот потпис. Манџукиќ требаше да се пресели во Катар, но , трансферот пропадна во последен миг. Медиумите тврдат дека корпулентниот напаѓач дефинитивно во…
Фудбалерите на Тотенхем вчера доживеаа сензационална елиминација од нисколигашот Колчестер во Карабао Купот. Членот на четвртата по ранг лига во Англија го победи огромниот фаворит по изведувањето на пеналите откако мечот заврши 0:0. По тој неуспех, тренерот на „Спарси“, Маурисио Почетино, најави дека размислува за засилувања. „Јануари ќе биде можност да ја поправиме ситуацијата. Очигледно дека имаме проблеми кои мора да ги решиме. Во фудбалот мора да правиш промени доколу сакаш да имаш успех. Така ќе биде и во нашиот тим, мораме да направиме корекции“ – изјави тренерот на Тотенхем.
Ракометарите на Еурофарм Работник остануваат со максимален ефект во СЕХА лигата откако вчера во Битола ја совладаа екипата на Металопластика со убедливи 32 спрема 21. Нашиот голман, Никола Митровски, кој нанижа дури 16 одбрани, вели дека сите треба да бидат задовони од победата. „Бевме поконцентрирани во одбраната, исто така и во нападот, каде што транзицијата беше одлична. Направивме неклку грешки, но добрата одбрана ни овозможи повеќе шанси за лесни голови“ – вели Митревски. Битолчани по средбата во СЕХА, веднаш се насочуваат кон новиот предизвик во ЛШ а тоа е гостувањето во Шпанија кај екипата на Ирун. Мечот е закажан за…
Денеска започна пријавувањето за традиционалниот – „Виз Ер Скопски маратон“ кој ќе се реализира низ улиците на нашата престолнина на 10 мај во 2020 година. Во првите два дена пријавените атлетичари ќе може да ги изберат омилените стартни броеви од посебно понудените рангови на броеви. „Виз Ер Скопскиот маратон 2020“ ќе се одржи в недела 10. Мај. Заинтересираните може да се пријават во првиот круг кој трае до 15. октомври на http://skopskimaraton.com.mk/ или партнерот за онлајн пријавувања на https://www.smartrace.club/.
Ракометарите на Вардар меѓу два значајни меча во Лигата на шампионите ќе мора да одиграат средба во регионалната СЕХА конкуренција. „Црвено-црните“ кои се бранители на тронот, денеска ќе излезат на мегдан со хрватскиот состав Нексе. Тренерот на нашиот тим, Писонеро, на вчерашната средба со новинарите, најави, дека ќе мора да прави голема ротација меѓу играчите за да се штедат силите за претстојниот натпревар во ЛШ закажан на 29. септември кај Мотор Запорожје. Натпреварот меѓу Вардар и Нексе ќе започне во 20.45 часот во СЦ Јане Сандански. .
Селекциите на Словенија и Полска ја комплетираа првата полу-финална двојка на Европското одбојкарско првенство. Ко-домаќинот Словенија успеа да ја совлада Русија со 3 спрема 1 во салата- „Стожице“ со што и се реваншираше на „Зборнаја“ за поразот во групната фаза. Тоа значи дека Русите ја загубија можноста да ја бранат титулата додека Словенците по втор пат ќе играат во полу-финалето на европските првенства. Во вториот вчерашен меч Полска ја победи селекцијата на Германија со 3 спрема 0. Денеска ќе биде формирана и втората полуфинална двојка откако ќе се одиграат мечевите: Франција- Италија и Србија – Украина.
Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Адриен Рабио, иако замина со големи очекувања во редовите на италијанскиот шампион Јувентус, очигледно не го доби тоа што го посакуваше барем на стартот на сезоната. Тренерот на „старата дама“, Маурицио Сари, ги форсира во средината на теренот Кедира, Пјаниќ и Матуиди додека на Рабио му дозволи да одигра само 27 минути. 24-годишниот Французин кој долго чекаше да прејде во редовите на Јувентус, сега треба да се надева дека во продолжение од сезоната ќе се наметне за првата постава и дека ќе добие поголема минутажа.
Македонската репрезентација во бразилска џиу-џица освои 18 медали на престижниот турнир во Босна и Херцеговина. Нашите 15 натпреварувачи обезбедија вкупно шест златни, шест сребрени и шест бронзен медали. Собирот во БИХ беше одлична проверка пред – „Абу Даби џиу-џицу Про Македонија, Скопје“, настан, кој ќе се одржи на 26 октомври. Златни медали освоија Даниела Алексовски, Ева Илиевска (категорија, апсолутна), Филип Митревски, Томи Блажевски, Вања Милевски.Сребрени медали им припаднаа на Михаил Поповиќ, Александар Колевски, Никола Петрушевски, Андријана Цветковска, Ања Чивчиристовска, Бојан Манчевски.Додека бронзени медали освоија Александар Поповиќ, Никола Петрушевски (апсолутна), Марко Петровски, Кристијан Илиевски, Андријана Цветковска (апсолутна), Јорго Проја. Македонскиот селектор…
Ракометарите на Вардар успеаа да го совладаат Порто во ЦС Јане Сандански со 32 срема 27 со што го продолжија победничкиот чекор во новата сезона во Лигата на шампионите. По триумфот кај Монтпелје, актуелниот европски шампион сега прокнижи нови бодови откако одигра одлично второро полувреме во кое успеа да го скрши отпорот на гостинот од португалскиото дел на Пиринеите. Најпрецизни во победничкиотсостав беа Криштопанс и Чупиќ по 7 голови додека кај Порто се издвоија Бранкињос со 6 и Мартинс со 4. „Црвено-црните“ наредниот предизвик ќе го имаат на 29 септември кога ќе му гостуваат на тимот на Мотор Запорожје.
