Author: dino

Возачот на Ред Бул во Формула 1, Макс Верстапен, вели дека не е задоволен од резултатите на тимот и дека ситуацијата мора да се подобри до крајот на сезоната. Тој на неделната трка во Русија иако започна од 9-то место на крајот успеа да се пробие до четвртата позиција. „Се надевавме дека ќе бидеме поблиску до конкурентите, но, тоа не се случи. Мора да се направат значајни промени во возилото за да бидеме поконкурентни во наредната сезона“ – вели 22-годишниот возач на Ред Бул. Верстапен во тековниов шампионат во Ф1 успеа да се искачи само два пати на првото место…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, се обиде да го објасни неговиот потег на полувремето со Бриж на вчерашниот меч во ЛШ кога во соблекувалната го остави првиот голман Куртоа и на теренот го уфрли Ареола. „Резултатот е многу лош но, задоволен сум од реакцијата во вториот дел. На Куртоа не му беше добро и не можеше да продолжи во вториот дел. Не сум загрижен за него. Можеме да го обвинуваме за првото полувреме кое го одигра но, не само него. Сите бевме виновни, јас на прво место“ – вели францускиот стратег. „Кралевите“ иако ја имаа улогата на…

Read More

Младиот кошаркар од Словенија, Лука Дончич, има намера да склучи нов побогат договор со „Најк“ откако претходниот му завршил во понеделникот. Играчот на Далас кој во претходната сезона во НБА ја доби наградата за најдобар  дебитант, сака да си обезбеди нов договор со „Најк“  кој ќе биде валиден пет години и ќе му донесе сума од 100 милиони долари. „Да, ми истече договорот со Најк, сега сум слободен агент. Ќе видиме што ќе се случи“ – изјави младиот играч кој со одличните партии во дресот на Далас стана миленик на навивачите.

Read More

Ракометарите на Еурофарм Работник денеска ги очекува тежок меч против фаворитот во групата, унгарскиот Веспрем. Натпреварот ќе биде одигран од 17.15 часот во салата – „Боро Чурлевски“ во Битола. Нашиот тим пред дербито на групата „Б“ има две победи во два меча додека Унгарците одиграа три средби и забележаа исто толку триумфи. Тоа што Веспрем дојде во Битола во најсилниот состав покажува дека шампионот на Унгарија не препушта ништо на случајноста и дека сака да ја оправда улогата на голем фаворит. .

Read More

Кошаркарскиот репрезентативец  на Италија, Даниел Хекет, објави дека нема да го носи дресот на „аѕурите“ во новиот квалифиикациски циклус за место на Евро-баскетот во 2021. година. „Чувствувам дека е време да го отстапам местото на младите. Јас репрезентативната кариерата ја завршив со настапот на последното СП во Кина“ – објави кошаркарот на ЦСКА Москва. Италија која е во квалификациската групата со Македонија, за  наредните мечеви ќе ги  нема на располaгање и НБА-ѕвездите, Белинели и Галинари.

Read More

Бразилскиот голман, Алисон Бекер, набрзо може да се врати на голот на Ливерпул, тоа го најави тренерот на „црвените“, Јирген Клоп, пред денешниот меч со РЕД БУЛ Салцбург во 2 коло во Лигата на фудбалските шампиони. Дваесет и шестгодишниот Алисон кој се повреди на мечот со Норвич на 9 август, досега мораше да пропушти 9 натпревари во сите конкуренции. Неговото враќање на теренот се очекува на големото дерби против Манчестер Јунајтед. Тоа треба да се случи на 20 октомври откако ќе заврши кратката пауза во шампионатите поради репрезентативните настапи на фудбалерите.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Милан соочени со најлошиот период во последниве 80 години на резултатски план, планираат да направат големи рокади во сите сегменти а не само на тренерската позиција. „Ла Газета дело Спорт“ објави дека газдите на клубот од инвестицискиот фонд – „Елиот“, размислуваат за откази на директорите – Паоло Малдини и Звонимир Бобан. Двајцата во текот на летото ги преземаа директорските функции, но, очигледно нивните потези пред се околу ангажираните засилувања не ги донесоа посакуваните резултати. Гордон Сингер, човекот кој го води Елиот Менаџмент по мечот со Фиорентина покажал незадоволство посебно од играта на фудбалерите  што ги ангажирале…

Read More

Ракометарите на Вардар полесно од очекувањето ја забележаа третата победа во групата „А“ во СЕХА конкуренцијата. „Црвено-црните“ кои се бранители на тронот, вчера славеа на теренот на Татран Прешов со 29 спрема 22. Тренерот на нашиот состав, Давид Писонеро, вели дека и тој е изненаден од убедливата победа изразена со дури седум голови разлика. „Одигравме добар меч посебно во второто полувреме кога бевме расположени во нападот. Очекувавме тежок натпревар, затоа сум изненаден што победивме со голема разлика“ – вели Писонеро.

Read More

Нашиот атлетичар, Јован Стојоски, денеска имаше дебитантски настап на Светското првенство што се реалзира во Доха. Единствениот македонски претставник 17-от светски атлетски собир се појави во квалификациите на 400 метри и го освои последното место во неговата група. Тој трчаше во третата од шесте квалификациски групи и забележа време од 47 секунди и 92 стотинки што е за една секунда послабо од неговиот најдобар резултат. Македонскиот атлетичар на крајот го обезбеди 38-то место во конкуренцијата во која беа пријавени 41 натпреварувач.

Read More

Легендарниот ММА-борец ,Федор Емелијаненко, изјави дека често се вози со метро и дека не го привлекува вниманието на другите патници. Русинот вели дека сите се толку задлабочени во телефоните што воопшто не го забележуваат и не го препознаваат. „Патувам мирно со метрото бидејќи никој не ме препознава. Сите гледаат само во телефоните и не гледаат на страна. Тоа на некој начин е добро за мене“ – вели Федор. „Гледам во нивните очи со колку големо задоволство ги користат мобилните. Не можам да верувам дека тоа им стана опсесија на луѓето“ – нагласи Емелијаненко.

Read More