Бразилската фудбалска легенда, Роналдо, се потсети на неговиот престој во Интер во периодот од 1997 до 2002 година. „Тимот на Интер тогаш беше фантастичен. Го имаше Бобо Виери, Кларенс Сидорф и многу други таленти. За жал, повредите ме спречија да бидам на теренот подолг период. Имаше голем ентузијазам во Интер и навивачите веруваа дека можеме да постигнеме одлични резултати. Гледам ентузијазам и во сегашниов состав на Интер и се надевам дека ќе освои нешто“ – рече Роналдо преку видео-врска за време на Фестивалот „dello Sport“ потсетувајќи се и на неговата најлоша повреда на тетивата на коленото. „Тоа беше повреда што…
Author: dino
Македонскиот фудбалски селектор, Игор Ангеловски, пред утрешниот меч со Полска во квалификациите за ЕП, изјави, дека можеме да се избориме за поволен резултат на теренот во Варшава иако максимално го респектираме противникот. „Ние утре ќе играме за нашата земја, за себе. Знам дека момците повторно ќе го дадат максимумот за да дојдеме до посакуваното. Се соочуваме со проблеми како и пред мечот со Словенија. Има повредени фудбалери па затоа до последно ќе го очекувам лекарскиот извештај за да видам кој ќе може да игра“- истакна Анегловски на официјалната прес-конференција „Стефан Ристовски, Адеми и Алиоски, се соочуваат со повреди но, знаат…
Првата ѕвезда на фудбалскиот состав манчестер Јунајтед, Пол Погба, ќе мора да го пропушти големото дерби против Ливерпул во Премиер лигата закажано за 20 октомври. Со тоа се остварија најавите на весникот – „Дејли мејл“, кој претходно објави, дега Французинот нема да успее да се рехабилитира иако работи под посебен лекарски режим во Дубаи. Неговиот тим го има најлошиот старт во една сезона гледано триесет години наназад додека „црвените“ играат беспрекорно и се заковани на првото место на табелата со максимален ефект. Црномурестиот играч најверојатно ќе мора да ги прескокне и мечевите со Партизан во Лига Европа, со Норвич во…
Елиуд Кипчоге влезе во историјата како првиот атлетичар кој ја поминал маратонската патека за помалку од два часа. Тој денеска обезбеди време од 1 час 59 минути и 40 секунди, но, тоа нема да биде официјален рекорд бидејќи трката беше реалзирана во контролирани услови. Имено, црномурестиот атлетичар истрча четири круга околу паркот „Пратер“ во центарот на Виена со помош на дури 41-ен писмејкер. Тие беа насочувани на патот со помош на возило кое се движеше пред нив. 34 годишниот атлетичар од Кенија имаше сличен обид и пред две години на легендарната патека Монца во Италија, но, не успеа да постигне…
Португалскиот фудбалски стратег, Жозе Мурињо, кој има богата и плодна кариера и досега рабоше во многу елитни состави и имаше контакти со најдобрите светски фудбалери, откри кои му оставиле најголем впечаток. „Меси, Кристијано Роналдо, Роналдо.. Сите се врвни фудбалери кои доминираат во рок од 15 години, но, ако морам еден да изберам, тогаш тоа е бразилецот, Роналдо. Тој е најдобар фудбалер во историјата според мене. Повредите му направија проблеми, да не беа тие, неговата кариера можеше да биде уште подобра“- вели Мурињо. Во периодот кога Бразилецот настапуваше на „Камп Ноу“, Португалецот работеше како помошен тренер.
Ракометарите на Вардар денеска од 17.30 часот во СЦ Јане Сандански“ ќе го имаат првиот сериозен испит во новата сезона во Лигата на шампионите. Избраниците на Давид Писонеро, во рамките на 4 коло ќе излезат на мегдан со Германскиот состав Кил кој пред извесен период успеа да ги совлада „црвено-црните“ на интернационалниот Супер Глоуб турнир. Добра за вест за нашиот и воедно европски шампион е враќањето на капитенот, Стојанче Стоилов, кој по рехабилитацијата од оперативниот зафат ќе го одигра првиот сезонски меч. Вардар е лидер во групата „Б“ со максимални 6 бодови пред Германците кои имаат 5. Натаму се наредени:…
Нашите најдобри фудбалери на теренот во Варшава се подготвуваат за утрешниот меч со домаќинот Полска во рамките на 8 коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година. Селекторот, Игор Ангеловски, ја одработи денешната програма, но, без присуство на Аријан Адеми кој заработи повреда на мечот со Словенија и најверојатно нема да биде во комбинација за утрешниот натпревар со главниот фаворит во групата. Што се однесува до Алиоски и Николов, тие денеска беа активни. Средбата Полска – Македонија ќе биде одиграна утре од 20.45 часот на –„Националниот стадион“ во Варшава.
Италијанскиот фудбалски состав Парма објави на социјалните мрежи дека ја продолжи соработката со црномурестиот напаѓач Жервињо. 32-годишниот фудбалер на Брег Слоновата Коска од денеска има нов договор до летото во 2022 година. Корпулентниот голгетер игра за Парма од 2018 -та. Во текот на изминатиот трансфер период повеќе европски тимови покажаа дека се заинтересирани за неговиот потпис, но, тој се определи да остане и понатаму во италијанскиот клуб. Жервињо во тековнава сезона одигра 8 натпревари на кои постигна 3 гола и забележа 2 асистенции. Африканецот претходно помина три сезони во Калчо лигата во дресот на Рома.
Фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед покажа дека е сериозно заинтересиран за напаѓачот на Ред Бул, Салцбург, Ерлин Холанд. Според најавите, Британскиот менаџер, Оле Гунар Солскјаер, планира лично да се сретне со 19-годишниот Норвежанец и да разговара со него, пренесува весникот – „Гардијан“.Младиот играч ја започна кариерата во Молде или токму во клубот од кој фудбалски потекнува и Солскјер. Договорот на напаѓачот со австрискиот клуб е валиден до летото во 2023 година. Порталот за трансфери ја проценува вредноста на фудбалерот на 12 милиони евра. Холанд има одиграно 11 натпревари во тековнава сезона со ефект од 18 голови и 5 асистенции.
Ракометарите на Еурофарм работник в недела од 17.00 часот во салата –„Боро Чурлевски“ во Битола ќе се обидат да ги прокнижат првите бодови во Лигата на шампионите. Противник на нашиот состав ќе му биде финскиот Кокс. Тренерот на битолчани, Стевче Алушовски, вели дека неговите ракометари се изморени по серијата патувања и настапи како во ЛШ така и во СЕХА конкуренцијата, но, дека се надеваат дека ќе ја забележат првата историска победа во елитната конкуренција. „Повредени се Маркоски, Стјепановиќ и Јотиќ и без нив ќе биде исклучително тешко да се игра. Кокс е екипата која три години игра заедно и не…
