Нашите најдобри ракометари во рамките на ЕХФ неделата ќе реализираат контролни средби со Турција, Италија и Грузија а пред самиот настапот на ЕП ќе имаат уште четири пријателски натпревари. Кон крајот на годинава избраниците на Брестовац ќе играат на „Трофеј Карпати“ а по новогодишните празнувања ќе излезат на мегдан со Словенија предводена од поранешниот македонски селектор, Веселин Вујовиќ. По тој дуел на 3 јануари, нашите ракометари ги очекува и средба со Црна Гора. Веднаш потоа (10 јануари) ќе старува и континеталниот собир а Македонија првата групна фаза ќе ја одигра во друштво со домаќинот Австрија, Украина и Чешка.
Author: dino
Челниците на Јувентус со ангажманот на Кристијано Роналдо направија одличен потег. Иако за фудбалерот од Португалија му беа платени на Реал Мадрид 117 милиони евра а неговите годишни примања се околу 30 милиони, тоа нема воопшто да се одрази на буџетот на тимот. Всушност, сликата е сосема спротивна на радост на луѓето од Италија бидејќи доаѓањето на Роналдо за сто отсто ги зголеми приходите од маркетинг или низ бројки кажано, 58 милиони евра се слеаа во касата на „Старата дама“. Покрај тоа, Јувентус влезе во „топ десет“ клубови по продажба на дресови или вкупно 1 милион и 315 илјади. Третиот…
Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Месут Озил, нагласи дека расизмот е голем проблем во Германија и дека од таа причина ги напушти „панцирите“. 31-годишниот играч по Мундијалот во 2018 година ја заврши репрезентативната кариера тврдејќи, дека бил жртва на расистички навреди откако се појави негова заедничка фотографија со турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган. „Играв девет години за Германија, ja освоив светската титула, играв многу натпревари и дадов се од себе. По фотографијата, се чувствував незаштитен. Добив расистички навреди, дури и од политичари и јавни личности а никој од Бундест-имот не дојде да ми даде поддршка“ – изјави Озил.
Со организираниот фудбалски натпревар меѓу младите на Фудбалската Академија на Шкупи и на Влазрими од Слатино, во спортската сала во Чаир, започна реализацијата на проектот под мотото – „СПОРТ ДА, ДРОГА НЕ“. Со тоа Општината Чаир и Министерството за Внатрешни Работи отворија ново поглавје на соработка за зајакнување на едукативните механизми за заштита на личноста на нашите млади од деструктивните појави. „ Заедно со службите на Полициската Станица Бит Пазар и на Секторот за Внатрешни Работи – Скопје, испраќаме јасна порака против деструктивните феномени како што е дрогата. Тоа го правиме преку промовирање на спортот како уникатна вредност за нашата…
Жозе Мурињо кој во минатото седеше на клупата на Челзи и на Манчестер Јунајтед, може да се врати во Премиер-лигата и да го преземе кормилото на Тотенхем, најавуваат медиумите во Англија. Наводно, Португалецот треба да го земени Маурисио Почетино кој има разочарувачка сезона со „Спарси“ и се наоѓа пред излезната врата. Тотенхем во текот на викендот ќе игра со Вотфорд и доколку не успее да ги освои бодови, Аргентинецот може да добие отказ иако има одредена клаузула која му гарантира голема финансиска надокнада доколку пред време му биде раскинат договорот. Мурињо кој работи како стручен аналитичар за „Скај Спортс“ за…
Напаѓачот на Интер, Алексис Санчез, во текот на денов имал успешна операција на левиот глужд, соопшти италиајнскиот клуб. Интервенцијата ја извршил, д-р Рамон Кугат во Барселона откако била потврдена првичната дијагноза дека се работи за повреда на тетивата на глуждот. Фудбалерот на „нероазурите ќе биде надвор од теренот околу 3 месеци. Репрезентативецот на Чиле се повреди на контролниот меч против Колумбија кој заврши 0-0. Санчез во тековнава сезона има одиграно четири натпревари за Интер и постигнато еден гол. ,
Поранешниот тренер на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри е „многу блиску“ да го наследи Оле Гунар Солскјаер на менаџерското место во Манчестер Јунајтед. Според Тутопорт, италијанскиот специјалист имал конкретни разговори со „црвените ѓаволи“ од сите аспекти вклучувајќи ги и неговите примања. Според зборовите на Алегри, му била понудена поголема плата од 7,5 милиони евра колку што добивал во Јувентус. Евентуалното назначување на Алегри на „Олд Трафорд“, ќе ги олесни највените трансфери на Марио Манџукиќ и Емре Џан. Се шпекулира дека поранешниот тренер на Јуве ќе го ангажира Патрис Евра во неговиот штаб во Јунајтед.
Младиот фудбалер на ПСВ, Дојел Мален, влегува во радарот на повеќе-кратниот европски шампион, Реал Мадрид, објавија денеска дел од медиумите. Според наведеното во – „Ле10 Спорт“, челниците на „кралевите“ ќе се вклучат во трката за потписот на 20 годишниот играч кој покажува блескави партии во тековнава сезона. Мален пред две години го напушти Арсенал и се пресели во ПСВ. Тој во меѓувреме успеа да се избори за место во селекцијата на Холандија. Според одредени наводи, за услугите на Мален се заинтересирани Ливерпул и Барселона а се споменува и името на, Арсенал. Трансферната вредност на фудбалерот на ПСВ се движи околу…
Трент Александер-Арнолд кој игра одлично во тековнава сезона успеа да влезе во Гинисовата книга на рекорди,. 21-годишниот фудбалер на Ливерпул има 16 асистенции со што стана рекордер во лигашкиот фудбал кога се во прашање дефанзивците. Рекордот досега беше во сопственост на левиот бек на Евертон, Енди Хинчклиф, како и на Лејтон Бејнс, кој сè уште настапува за „карамелите“. „Тоа е голема чест за мене. Отсекогаш сум сакал да помогнам во офанзивата“ – вели младиот играч на „црвените“.
Фудбалерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, бил дел од сообраќајна несреќа која се случила пред тренинг центарот на англискиот состав. Неговиот автомобил бил оштетен а играчот на „граѓаните“ поминал без последици. Причината за сообраќајката на Агуеро не се познати. Во меѓувреме, Аргентинецот објави слика од автомобилот на Инстаграм и напиша: „Какво прекрасно утро“. Шампионот на Англија во текот на викендот го очекува гостување кај Кристал Палас а Агуеро сигурно ќе биде прв избор во нападот на Пеп Гаврдиола. Ќе потсетиме дека Агуеро пред две години во Амстердам, исто така имаше сообраќајка додека се возеше во такси и помина без последици.
