Author: dino

Младата фудбалска ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе, со трите гола постиганти на вчерашниот меч во Лигата на шампионите на теренот на Бриж, успеа да го собори рекордот кој го имаше Леонел Меси. Французинот со вчерашниот хет-трик успеа да дојде до бројката од 15 голови во Лигата на шампионите и воедно да биде и најмладиот играч на кого тоа му успеало. Рекордот претходно го држеше Аргентинецот, Меси, кој тоа го направи кога имаше 21 година и 289 дена додека Мбапе има 20 години и 302 дена. Мбапе кој против Клуб Бриж постигна три погодоци, сосема реално го понесе епитетот за најдобар…

Read More

Првиот голгетер на Ливерпул, Мохамед Салах, кој паузираше извесен период поради повреда, ќе биде на списокот на тренерот, Јирген Клоп, за денешниот натпревар во рамки од третото коло во Лигата на фудбалските шампиони против екипата на Генк. Офанзивниот играч на „црвените“ кој се повреди додека настапуваше за селекцијата на Египет, полека им се врати на тренинзите и ќе биде во ростерот за средбата со белгискиот состав. Актуелниот бранител на тронот во елитната конкуренција по две одиграни кола се наоѓа на третото место во Групата „Е“  со три бода. Англичаните загубија од Наполи а победија против Салцбург.

Read More

Голманот на Јувентус, Војчех Шчесни, вели дека трпението кај фудбалерите и левата нога на Дибала, биле пресудни за вчерашната победа против Локомотив Москва во 3 коло во Лигата на шампионите. „Беше голема борба за да го скршиме отпорот на гостите. Тие беа организирани во одбраната. Одличниот шут со левата нога на Дибала ја направи разликата. Локомотив беше фокусиран на одбраната и затоа моравме да ја движиме топката за да отвориме просто“ – вели голманот на Јуве. Пауло Дибала со  два погодока се погрижи да направи пресврт и да донесе триумф за „старата дама“ од 2-1.  Јуве и Атлетико Мадрид со…

Read More

Германското издание на – „Auto Build“, наведува, дека повеќе екипи во Формула 1 побарале од ФИА да донесе одлука околу законитоста на моторот што го користи  тимот на Ферари. Првиот човек на  Мерцедес, Тото Волф, по последната надградба на Скудерија, искоментира, дека нивната моќ расте – „апсурдно“. Неименуван ривал на Ферари е наведен дека бара анализа на целата ситуација во италијанскиот тим – „Таквата апсурдна предност не може да се постигне легално бидејќи технологијата е развиена до крај“. „Ферари лаже а ФИА е свесна за тоа,  скандалот ќе биде огромен“. Според гласините, зголемената моќност на моторот се должи на начинот…

Read More

Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, ќе побара во јануарскиот трансфер период да го напушти тимот бидејќи не е задоволен од минутажа што ја добива од страна на тренерот, Зинедин Зидан. Играчот од средниот ред на „кралевите“ главно ја грее клупата иако францускиот стратег во речсиси секоја прилика потенцира дека нема намера да се откаже од неговите услуги. Како потенцијални нови клубови за 27-годишниот играч се потенцираат Манчестер Сити и Јувентус. Шпанските медиуми се убедени дека Иско сака да ја продолжи кариерата во Италија.

Read More
NBA

Тренерот на коашркарите на Голден Стејт, Стив Кер, ги разочара навивачите откако нагласи дека Клеј Томпсон кој се опоравува од операцијата на левото колено најверојатно ќе мора да пропушти голем дел од новата сезона. Кошаркарот кој во текот на летото за 190 милиони долари потпиша нов договор за пет сезони, ќе биде максимално поштеден од обврските за да може да закрепне и дури потоа да му се стави на располагање на тимот на „Вориорс“. 29-годишниот трикратен шампион во НБА лигата кој игра само за Голден Стејт, професионална кариера ја започна во 2011 година.

Read More

Денешниот натпревар на Јувентус против Локомотив Москва во Лигата на шампионите може да донесе нов рекорд за Кристијано Роналдо. Имено, Португалецот доколку успее да погоди во мрежата на Русите, ќе биде првиот фудбалер кој успеал да им даде голови на повеќе од 33 екипи со кои се сретнал во елитната конкуренција на Стариот континент. Напаѓачот на „Бјанконерите“ во моментов ја дели првата позиција со Раул Гонзалез, бидејќи двајцата успеале да им дадат голови на 33 екипи. Ќе потсетиме дека Роналдо го држи рекордот за најмногу постигнати голови – 130, во Лигата на шампионите. 64-ри од нив се реализирани во фазата…

Read More

Фудбалскиот репрезентативецот на Англија, Рахим Стирлинг, не сака да го споредуваат со Лионел Меси и Кристијано Роналдо иако со неговите настапи полека, но, сигурно се издвојува како една од ѕвездите во европскиот фудбал. „Кога ќе постигнете 50 до 60 голови во една сезона, тогаш може да разговарате за Меси или Роналдо. Сега не сакам да ме споредувате со нив“ – изјави Стерлинг. „Не велам дека не сум добар фудбалер, но, тие двајца го прават тоа цели 15 години. Јас треба да поминам долг и пат и да се развивам како фудбалер. Секогаш се стремам да бидам подобар од претходната сезона“…

Read More

Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар, кој во текот на летото се обиде со сите сили да издејствува враќање во Барселона, откри зошто сака повторно да игра во Шпанија. „Кога не сте среќни, се обидувате да најдете начин да направите промена и да појдете на ново место на кое ќе бидете среќни и задоволни. Јас се обидов да го сторам тоа, но, останав тука. Сега ќе дадам се од мене во дресот на ПСЖ бидејќи сакам да му помогнам на тимот да освои трофеји“ – изјави Бразилецот. Ќе потсетиме дека  Нејмар пред две години за големи 222 милиони го напушти „Камп Ноу“…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, пред денешниот меч на теренот на Галатсарај во Лигата на шампиобните, вели дека неговиот тим го има потребниот квалитет за да ги освои бодовите во Истанбул. „Добро знаеме за што ќе играме во Турција. Знаеме дека мора да играме на победа и дека немаме друга опција. Мора да бидеме фокусирани затоа што само така ќе победиме“ – нагласи Французинот. „Бејл и Модриќ нема да бидат во комбинација а под знак прашалник е Тони Крос. Верувам во моите играчи, нема да се повтори дуелот против Мајорка. Го имаме потребниот квалитет за да обезбедиме…

Read More