Германското издание на – „Auto Build“, наведува, дека повеќе екипи во Формула 1 побарале од ФИА да донесе одлука околу законитоста на моторот што го користи тимот на Ферари.
Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, по последната надградба на Скудерија, искоментира, дека нивната моќ расте – „апсурдно“. Неименуван ривал на Ферари е наведен дека бара анализа на целата ситуација во италијанскиот тим – „Таквата апсурдна предност не може да се постигне легално бидејќи технологијата е развиена до крај“. „Ферари лаже а ФИА е свесна за тоа, скандалот ќе биде огромен“.
Според гласините, зголемената моќност на моторот се должи на начинот што го пронашле инженерите на Ферари за согорување на бензинот – што е забрането.

