Тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, по вчерашното реми на домашен терен против Парма (2:2) во Серија „А“, јавно побара од раковдните гарнитури да му обезбедат засилувања во текот на наредниот трансфер период. „Се грижам и тоа многу. Одигравме лошо прво полувреме. Не можам да барам повеќе од фудбалерите бидејќи во шест денови одиграа три меча. Единствениот проблем е тоа што немаме доволно фудбалери, затоа мора да се засилиме“ – нагласи Конте. „Нероаѕурите“ во тековнава сезона влегоа со неколку нови имиња а медиумите шпекулираат дека на радарот на кинеските сопственици се наоѓаат и Видал и Ракитиќ како и уште…
Author: dino
Шпанските медиуми наведуваат дека Реал Мадрид може да ја искористи ситуацијата во ПСЖ на релација Мбапе –Тухел и да го ангажира младиот фудбалер. Францускиот напаѓач во последно време не е во најдобри односи со тренерот Томас Тухел и тоа може да се одрази на неговата иднина на „Паркот на принцовите“. На последниот меч против Бриж во Лигата на шампионите, Мбапе влезе во второто полувреме и со хет-трик потврди дека местото му е во првата постава. Шпанскиот весник –„ АС“ пишува дека „кралевите“ ја следат ситуацијата во Париз и го чекаат моментот кога ќе ја започнат офанзивате за потписот на Мбапе.
Фудбалерите на Баерн Минхен денеска ја прекинаа лошата серија во германскиот шампионат откако славеа минимално на домашен терен против екипата на Унион Берлин со 2 спрема 1. Мечот во Минхен ја донесе петтата сезонска радост за Баварците и воедно го промовираше Роберт Левандовски како прв играч во Бундес-лигата кој постигнал погодок во првите девет средби од почетокот на сезоната. Полјакот со тој ефект го надмина досегашниот рекордер, Пјер-Емерик Обамејанг, кој во сезоната 2015-16 во дресот на Борусија Дортмунд реализираше барем по еден гол во првите осум сезонски мечеви.
17-годишната, Алис Робинсон од Нов Зеланд, приреди вистинска сензација на стартот на новата сезона во Светскиот Куп во алпско скијање. Таа на денешната велеслаломска трка во австрискиот зимски центар Зелден, успеа да ги изненади главните фаворитки, Микаела Шифрин (САД) и Французинката, Теса Ворли кои ги пополнија второто и третото место на пиедесталот . Втората сензација на отворањето на новата сезона е настапот на 25-годишната Норвежанка, Марија Тереза Твиберг, која заврши на шестото место иако по првото возење имаше 26-то време. В недела на истата патека во Зелден ќе се вози и воведната сезонска трка во машка конкуренција исто така во…
Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ќе направи уште еден обид за да успее да го обезбеди потписот на Пол Погба, пренесува весникот – „Елдесмарк“. Шпанскиот тим сериозно размислува да испрати предлог од 85 милиони фунти и плус, Герет Бејл, за да го натера Манчестер Јунајтед да се раздели со францускиот играч од средниот ред. Ќе потсетиме дека „црвените ѓаволи“ во текот на летото категорично одбија да преговараат за евентуален трансфер на Погба и побараа 150 милиони фунти за неговиот потпис. Сега според проценките ситуацијата може драстично да се промени и Бејл да се покаже како добра опција…
Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал кои ги држат првите две места на АТП листата, имаа заедничка тренинг сесија во Париз в пресрет на завршниот турнир од мастерс-серијата за 2019 година. Во француската престолнина како и на завршниот турнир на АТП во Лондон, ќе се крои врвот на листата. Ќе потсетиме дека двајцата тенисери пред само неколку дена имаа демонстративен меч во Казахстан. Србинот на турнирот во Франција ќе стартува од втората рунда и ќе го чека победникот од мечот меѓу неговиот сонародник Душан Лајовиќ и домашниот претставник, Ричард Гаске. Надал исто така допрва ќе го дознае противникот откако ќе биде…
Нашите најдобри ракометари со втора победа против Грузија со 29:28 го затворија подготвителниот период реализиран во рамките на неделата на ЕХФ. Македонија денеска со голот на крилото, Мартин Поповски, буквално со свирежот на сирената успеа да слави против грузискиот состав. Филип Талески со 7 погодоци и Поповски со 6 беа најефикасни во нашиот табор. Македонија во мини-подготвителниот период забележа три победи и едно реми. Славевме на теренот на Турција, таму одигравме и реми со Италија додкеа во Скопје во двата меча излеговме како победници против Грузија. Селекторот, Данило Брестовац, кој најави свежа крв во селекцијата, максимално им укажа шанса на…
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, потврди дека премиерното издание на новиот клупски Мундијал со 24 екипи ќе се одржи во 2021 година во Кина. „Најдобрите клубови од светот ќе се борат за победничкиот пехар. Тоа ќе биде вистински спектакл а бидејќи се одржи во Кина, свесно придонесуваме за дополнителен развој на фудбалот во Азија“ – изјави денеска првиот човек на ФИФА. Европа ќе ја претставуваат екипите што ја освоиле ЛШ и Лигата на Европа во претходните четири сезони, но, постои можност да бидат доделени и вајлд-карти на неколку европски гиганти иако не успеале да дојдат до пехарите во споменатите натпреварувања.…
Македонската футсал репрезентација денеска ќе го започне претквалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство во 2020 година. Прв наш противник во спортскиот центар Јане Сандански од 20.00 часот ќе биде селекцијата на Словенија која според проценките, ќе ја има улогата на фаворит. Македонија утре во второто коло ќе игра против репрезентацијата на Косово (17:30) додека мечот од последното коло ќе го реализираме в недела од 17:30 часот против Украина. Влезница за натпреварувачки ден од турнирот кој го организира Фудбалската федерација на Македонија изнесува 100. денари и може да се купи на билетарата веднаш до малата сала во СЦ „Јане Сандански“
Градот Солт Лејк Сити ќе биде домаќин на мечот на ѕвездите од НБА во 2023 година, објави комесарот на лигата, Адам Силвер. Собирот на кој ќе се појавата најдобрите од изборот на навивачите ќе се одржи на 19 февруари во „Вивинт Смарт Арена“ или домот на локалниот тим, Јута Jез. За Солт Лејк Сити тоа ќе биде втор пат да организира – „Ол Стар“ и тоа по точно 30 години откако беше домаќин во 1993 година. Тогаш Западот славеше против Истокот со 135: 132 а ѕвездите на Јута, Карл Малоне и Џон Стоктон ја добија наградата – „МВП“ за најкорисен…
