Скаутите на фудбалскиот состав Ливерпул ги следеле настапите на грачот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Денис Закарија, објавија денеска медиумите во Англија. Претставниците на англискиот клуб се сретнале и со агентот на 22-годишниот Швајцарец, – тврди Скај Спорт.„Милионерите“ го проценуваа играчот на околу 50 милиони евра. Неговиот договор со тимот од Бундес-лигата истекува во 2022 година. Закарија во тековнава сезона се појави на 11 средби во сите конкуренции и постигна еден гол. Во текстот се наведува дека и Тотенхем и Манчестер Јунајтед се гледаат како кандидати за потписот на младиот играч.
Author: dino
Првите луѓе на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, ја дефинираат понудата за напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ, кој во текот на зимскиот трансфер период ќе го напушти тимот од Торино и ќе се пресели во редовите на „црвените ѓаволи“. Хрватскиот интернационалец кој дефинитивно го загуби првотимскиот статус и не беше пријавен за тековнава сезона во Лигата на шампионите, треба да биде големо засилување во нападот на Манчестер Јунајтед. Во исто време, тренерот на тимот од „Олд Трафорд“, Оле Гунар Силскјер, ќе направи обид да ангажира и уште еден играч на „старата дама“, Емре Џан, кој исто така не е задоволен бидејќи…
Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Маурисио Сари, најави дека Миралем Пјаниќ и Гонзало Игуаин најверојатно ќе го пропуштат денешниот меч со Џенова во рамките на 10-то коло во Серија „А“. Стратегот на „старата дама“ на средбата со новинарите јасно стави до знаење дека не е задоволен од ефикасноста во досегашниот дел од сезоната и дека таа треба драстично да се подобри. „Ние се прилагодуваме на нов начин на игра и нормално е дека ни треба време. Не ми се допаѓа што постигнавме релативно малку голови. Секако дека треба да бидеме многу порешителни во последната фаза од нападот“ – вели Сари…
Маратонската трка која е дел од летните Олимписки Игри догодина во Токио, сепак ќе се трча на патеката во градот Сапоро кој е одалечен 500-ни километри од јапонската престолнина, потврдија неодамна од Интернационалниот Олимписки Комитет. На тоа реагираше Гувернерката на Токио, Јурико Коике, која напомена дека градот не ја отфрла можноста да испрати тужба до ИОК и да бара отштета. Според неа, за преселбата на Маратонот од Токио во Сапоро ќе мора да се потрошат непланирано околу 310 милиони долари. Ќе потсетиме дека одлуката на ИОК за промена на локацијата на Маратонот се базира на временските услови. Имено во тој…
Советникот на Ред Бул, д-р Хелмут Марко, очекува неговата екипа да се бори за првото место во последните три сезонски трки во Формула 1 иако не крие дека е разочаран од резултатот на Макс Верстапен на викенд трката во Мексико. „Макс беше 2 секунди побрз од лидерот и тоа со тврди гуми. Ако имате толку брз автомобил на патеката, многу е непријатно доколку на крајот не оставрите победа“ – потенцираше Марко. „Со исклучок на Сингапур и Русија, ние секогаш имаме брз автомобил. Очекувам до крајот на секоја трка да се бориме за првото место“ – потенцираше советникот на Ред Бул.
Денеска во Англија ќе се одигра фудбалскиот дерби мечот во Карабао Купот меѓу Челзи и Манчестер Јунајтед. В пресрет на средбата на „Стемфорд Бриџ“, тренерот на домаќините, Франк Лампард, иако се соочува со одредени проблеми во ростерот, вели дека неговиот тим ќе влезе максимално мотивиран на мечот. „На секој натпревар одиме на победа. Сега може ќе направам одредени промени во тимот. Знам дека тие што ќе истрчаат ќе го покажа најдоброто“ – потенцираше тренерот на „сините“. „За нас секој трофеј е значаен. Тоа што финалето ќе биде одиграно на „Вембли“, секогаш носи дополнителен мотив“ – потенцираше Лампард.
Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, предвидува дека неговиот поранешен соиграч во редовите на „кралевите“, Раул Гонзалес, еден ден ќе седи на неговото место на „Сантијаго Бернабе“. Раул е клупска легенда на „белите“ бидејќи во перидото од 1994 до 2010 година одигра 741 меч и постигна 323 гола. Неговиот ефект му помогна да се израдува на 16 титули од кои шест се во Ла Лига и три во Лигата на шампионите. Раул е сега тренер на Кастлја или резервниот тим на Реал Мадрид а Зидан верува дека тој во иднина може да го води и сениорскиот состав. „Игравме…
Ракометарите на Вардар остварија лесна и убедлива победа против Пекинг Универзити со 36 спрема 28 во рамките на регионалната СЕХА конкуренција. На дуелот одигран во Загреб нашиот состав кој е воедно бранител на титулата, мечот го реши уште во првиот дел кога направи одлична предност од 21 спрема 10. Во вториот дел шанса добија и младите ракометари на „црвено-црните“. Пелко и Ќосевски постигна по седум голови, Димитриоски даде шест, по четири пати погодија Кукуловски и Карапалевски.
Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, го објави списокот на играчи за утрешниот првенствен мечпротив Леганес во рамките на 11 коло во Примера Дивизион. Во групата од 19 фудбалери ги нема Винициус Жуниор и Хамес Родригез. Бразилецот се оправи од повредата, но, според францускиот стартег не е подготвен да пружи максимум на теренот. Герет Бејл, исто така, нема да игра. Велшанецот деновиве ја искористи шансата да се упати во Лондон и да се сретне со неговиот агент задолжен за транфери. Во тимот на „кралевите“ сигурно ќе бидат: Карвахал, Тони Крос, Лука Модриќ, Еден Азар и Лукас Васкез додека…
„ New Balance“ денеска поднесе жалба до Апелациониот суд и тоа само по неколку дена откако го загуби спорот со Најк за спонзорство на фудбалскиот состав Ливерпул, објави вечерва – „Дејли меил“. Њу Балнс тврди дека нивниот договор може автоматски да се обнови на крајот на сезоната доколку компанијата направи конкурентна понуда додека Најк уште сега му понуди поволни услови на англискиот клуб со тенденција да го преземе спонзорството. Пред неколку денови судот донесе одлука дека „ New Balance“ не може да влијае на понудата на американскиот концерн во однос на маркетингот и затоа му даде зелено светло на Ливерпул…
