Author: dino

Ракометарите на Вардар освоија само еден бод на мечот со Кијелце откако во драматичен финиш дуелот заврши нерешено 28 спрема 28. Голманот Гедбан имаше неколку фантастични интервенции во последните минути, но, Вардарци тоа не го искористија  иако имаа и предност од  28:27. Скубе со седум голови беше најефикасен во составот на Вардар, пред  Чупиќ кој постигна шест. Кај Кјелце, Блаж Јанц застана на  седум голови пред Алекс Душебаев со пет и Игор Карачиќ кој даде три гола. Во наредното коло „црвено-црните“  ќе му гостуваат на Кијелце на 16. ноември.

Read More

Нашиот боксер Јасин Љама го освои „Златниот гонг“ на 50-то издание на престижниот меѓународен турнир кој беше оддржан во малата сала во СЦ Борис Трајковски. Toj  во финалето во категоријата до 60 килограми со технички нокаут успеа го победи Романецот, Норберт Ваш што според проценките беше доволно да го добие- „Златниот гонг“ кој му се доделува на најдобриот боксер на турнирот. Нашиот , Алим Насуфи, во категоријата до 64 килограми загуби во финалето од Шпетин Бајоку (Косово) додека Арсин Етеми  беше совладан од Албан Беќири од Албанија во категоријата до 75 килограми. Најдобар македонски боксер е Алим Нсуфи .Најборбен боксер е Албан…

Read More

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ по петти пат го освои Мастерсот во Париз. Во денешното финале Србинот славеше против Канаѓанецот, Денис Шаповалов со 6:3 и 6:4 со што дојде  34. трофеј од категоријата 1000 или петти во тековнава сезона. Ѓоковиќ воедно се израдува и на 77-та АТП титула во кариерата. Ѓоковиќ без оглед на победата на собирот во Франција од утре ќе падне на второто место на АТП листата веднаш зад Шпанецот, Рафаел Надал.

Read More

Ракометарите на Вардар со денешната победа против Мешков Брест со 36 спрема 31 ја прекинаа лошата серија од врзани пораза (Кил и Веспрема)  во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ во СЦ „Јане Сандански“ одиграа според очекувањата и ја оправдаа улогата на фаворит. Во финишот на мечот, Мешков Брест се обиде да направи нешто со играта – „седум на шест“, но, тоа не им помогна на Белорусите. Нашиот бек,  Даинис Кристопанс, се издвои со девет голови пред Чупиќ со седум и Скубе со шест. Голманите, Гедбане и Кизиќ имаа по четири одбрани. Кај Мешков Брест во поглед на реализација се наметна Валупау…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Работник денеска ќе гостуваат кај Татран Прешов во рамките на 6 коло во Лигата на шампионите. Битолчани на мечот кој ќе започне од 18.00 часот ќе влезат без неколку стандардни ракометари кои се во процес на рехабилитација. Екипата од Словачка и Еурофарм се сретнаа во претходното коло во Битола кога победија гостите со 24 спрема 23. Еве ја комплетната денешна понуда. 14.00 Чеховски Медведи-Кристијанштад 15.00 Киелце-ВеспремЖ 16.00 Савехоф-ирун 17.15 ПСЖ-Алборг 17.30 Спортинг-Кокс 18.00 Татран Прешов-Еурофарм работник 19.30 Порто-Монтпелје

Read More

Италијанските медиуми објавија дека претседателот на Болоња ќе направи напор да го обезбеди потписот на Златан Ибрахимовиќ кој на крајот на сезоната во САД ќе стане слободен фудбалер. Според најавите, неколку екипи од Серија „А“ се обидуваат да го убедат Швеѓанецот да се врати во Европа а сега меѓу нив ќе се вклучи и тимот кој го предводи, Синиша Михајловиќ. Наводно, Болоња сака да му понуди на ветеранот договор за година и полови и околу десет милиони евра. Се шпекулира дека спонзорите се обезбедени и само се очекува потврден одговор од Златан и неговиот агент, Мино Рајола.Ќе потсетиме дека Ибрахимовиќ…

Read More
NBA

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс по продолженија го совладаа Далас Маверикс со 119-110 во продолжение а Леброн Џејмс (Лејкерс)  и Лука Дончиќ (Далас) забележаа двоен ефект. Во последните секунди Грин погоди тројка за продолжение а в дополнителните минути тимот од Лос Анџелес беше подобар и заслужено победи. Дончиќ го заврши мечот со 31 поен, 13 скокови и 15 асистенции додека Џејмс имаше 39 поени, 12 скокови и 16 асистенции. Резултати: Бруклин –Хјустон 123-116 Индијана  – Кливленд 102-95 Орландо-Милвоки 91-123 Бостон – Њујорк 104-102 Чикаго–Детроит 112-106 Сакараментос – Јута Џез 102-101 Голден Стејт-Сан Антонио110-127

Read More

Светскиот шампион во Мото ГП, Марк Маркез доживеа страшен пад на патеката Сепанг во квалификациите за ГН на Малезија. Возачот на Репсол Хонда буквално беше лансиран од моторот и вистинско чудо е како остана без посериозни повреди. Маркез падна директно на колената, но, веднаш стана и ги продолжи квалификациите. На крајот заврши како 11-ти што е негов најлош пласман од Муџело во 2015 година. Фабио Квартараро ја освои пол-позицијата додека зад него ќе започнат Маверик Вињалес и Франко Морбидели,

Read More

Нашите надежи освоија 1 златен и 1 сребрен медал во категоријата  деца 6-7 години во кати поединечно на светскиот традиционален фудокан карате шампионат во Синделфинген, Германија. Камелија Недев стана светски шампион во кати-поединечно а Софија Јарчевска беше втора во меѓу 55 натпреварувачки во најмладата категорија 6-7 години за деца. На шампионатот учествуваат над 1200 каратисти од 43 земји. До крајот на програмата ќе настапат кадетите, јуниорите и младинците а во недела ќе настапат сениорите: Дејан Недев, Аљоша Недев, Емилија Јанчевска, Јадранка Недева и Бојан Богдановиќ

Read More

Денеска во просториите на Фудбалската федерација без формирани двојките за 1/4 финалната фаза во Купот. Екипата на Струга ќе игра со Ренова, Брегалница ќе се сретне со Лабуништа, Шкендија ќе оди на мегдан со Работнички додека Шкупи ќе ги одмери силите со Академија Пандев. Првите мечеви ќе бидат одиграни на 4 декември годинава додека возвратните дуели ќе бидат реализирани на 4 март во 2020 година.

Read More