Алфа Ромео ќе ја раскине соработката со Заубер и ќе ја напушти Формула 1, најавија денеска медиумите во Италија.
Главниот спонзор на швајцарскиот состав кој се вклучи во Ф1 во 2018 година, не е задоволен од досегашните резултати и затоа се одлучил да се повлече од најголемиот циркус на тркала. Од друга страна се наведува дека луѓето од Заубер, наводно, започнале преговори со нов производител на мотори – Хонда.
Ако најавите се реализираат, тоа може да донесе фузија како што сега ја имаме во екипата на Ферари Хонда.