Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, нема да стартува од првата позиција на денешната трката во Формула 1 која ќе биде возена доцна вечер (20.10) за Големата награда на Мексико.
Тој иако имаше најдобро време во квалификациите беше казнет со три позиции поради непочитување на прописите кога се појави жолтото знаменце. Одлуката ја донеле стјуардите откако имале речи два часа разговори со Белгиецот.
„Возачот на болидот 33 (Верстапен) призна дека е ја намалил брзината во моментот кога се вееше жолтото знаменце. Затоа ќе добие два казнени бода и ќе мора да стартува три места подолу“ – стои во објавата. Со казната на Верстапен, сликата на стартната позиција ќе биде драстично променета. Сега од првиот ред ќе стартува Шарл Леклер од Ферари а до него ќе бидат Себастијан Фетел и Луис Хамилтон.