Марк Маркез дојде до 81-та победа во неговата кариера откако беше најбрз на трката возена за Големата награда на Австралија.
Шпанецот на патеката –„Филип Ајланд“ дојде до петтата победа во серија или вкупно 11-та во сезонава откако во последниот круг падна, Маверик Вињалес. Светскиот првак влезе во голема битка со неговиот сонародник од Јамаха кој во последниот круг загуби контрола над моторот во обид да му возврати на Маркез. Второто место го освои Кал Крачлоу додека пиедесталот го пополни Џек Милер.
Наредната трка во Мото ГП шампионатот ќе биде возена во наредниот викенд на патеката во Малезија.