Со учество на 37 пинг-понгари во машка конкуренција и 9 во женска, вчера заврши есенскиот дел од државниот шампионат кај сениорите. Во финалето кај мажите Теодор Кировски го совлада Петар Митков, член на Крива Паланка 2007 со 3:2 (11:9,11:7, 9:11, 11:13, 11:8) и го освои златниот медал. Третото место го освоија Гоце Димовски и Васко Манасиески. Изненадување беше елиминицијата во 1 /4 финалето на Петар Костовски кој е актуелен државен првак во категоријата У-21. Кај сениорките, Ана Стојановска од ППК Крива Паланка ја потврди одличната форма и го освои златниот медал. Таа во финалето ја совлада Билјана Младеновска од ППК…
Author: dino
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, успеа да победи на денешната трка во Формула 1 возена за големата награда на Бразил. Второто место му припадна на Пјер Гасли од Торо росо додека третото место на подиумот го пополни Луис Хамилтон од Мерцедес. Сепак по трката поради инцидентот со Алекс Албон во претпоследниот круг, Хамилтон доби казна од пет секунди и падна на седмото место. Автоматски трето место го доби Карлос Саинц од Мекларен. Хамилтон на една трка пред крајот ја има обезбедено шестата шампионска титула со што се доближи на само една до легендарниот, Михаел Шумахер. Последната трка за годинава…
Ракометарите на Еурофарм работник успеаа да го совладаат Савехоф со 32:31 и да прокнижат нови бодови во групата во Лигата на шампионите. На мечот одигран во Битола домаќини со последниот напад успеаа да дојдат до гол кој им донесе три бода. Во домашниот состав расположени за реализација беа Остроушко, Јотиќ и Радовиќ кои постигнаа по шест голови додека Богојевиќ со девет гола беше најефикасен кај Савехоф. Битолчани по само три дена ги очекува нов меч и тоа на теренот на Кокс.
Фудбалскиот репрезентативец на Хрватска, Иван Ракитиќ, ќе мора да си побара нов клуб, најави спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал во интервјуто дадено за – „Мундо Депортиво“. Тоа значи дека по пет сезони поминати на „Камп Ноу“, фудбалерот од средниот ред на Каталонците ќе мора да ја промени средината бидејќи ќе биде ставен на трансфер-листата. Според најавите, за Ракитиќ се заинтересирани повеќе екипи меѓу кои влегуваат: Милан, Атлетико Мадрид, Интер и Манчестер Јунајтед.
Португалскиот фудбалски стратег, Жозе Мурињо, има реална шанса да се врати во Премиер лигата и тоа на клупата на Тотенхем, објавија денеска дел од медиумите на Постровот. Тој е без ангажман од декември во 2018 година кога доби отказ од Манчестер јунајтед. Англиските медиуми тврдат дека Мурињо им рекол на пријателите дека го чека моментот кога Тотенхем ќе се раздели со Маурисио Почетино. На страната на Португалецот оди и фактот дека популарните „Спарси“ имаат лоша сезона а повеќето од играчите најавија дека сакаат да си заминат.
Бернар Арно кој е прв човек на модниот бренд – „Луј Витон“, повторно се поврзува со купување на италијанскиот фудбалски состав Милан. Наводите во весникот „Кориере дело Спорт“, велат најбогатиот човек во Европа започнал преговори со челниците на „Елиот Менаџмент“, коисе доминантни сопственици на акциите на Милан.Французинот чие богатство се проценува на околу 93 милијарди евра, наводно за 975 милиони може да стане сопственик на „росонерите“. Милан иако влезе со големи амбиции во тековнава сезона во Серија „А“, досега не ги оправда очекувањата. Тимот е во голем криза и се наоѓа дури на 14. место на табелата со седум порази…
Ракометарите на Вардар денеска ги очекува тешко гостување на теренот на Киелце во рамките на 8 коло во грфупната фаза во Лигата на шампионите. Нашиот тим се соочува со одредени проблеми во ростерот а тренерот Кокшаров го објави списокот со 15 ракометар кои ќе се појават на мечот во Полска. На него се запишани: Атман, Чупиќ, Дибиров, Гедбан, Дисингер, Горпишин, Димитриоски, Калараш, Кизиќ, Кугис, Кукуловски, Шишкарев, Пелко, Скубе и Стоилов. Мечот меѓу Кијелце и „црвено-црните“ ќе започне од 18.00 часот. Кил е прв во групата со 13 бодови, Вардарци и Монтпелје се на делба на второто место со по девет…
Ракометарите на Металург денеска ќе излезат на мегдан со Горење во првиот меч за влез во групната фаза во ЕХФ-Купот. Добра вест за тренерот Зоран Кастратовиќ е враќањето на голманот, Дупјачанец и на Велко Маркоски Денешниот меч во Словенија ќе започне во 20 часот. За дуелот со Горење, Кастратовиќ ќе ги има на располагање: Дупјачанец, Ѓорѓески, Поповиќ, Кондев, Шилегов, Чантурија, Серафимов, Јагуриновски, Танкоски, Мариќ, , Додиќ, Кбилашвили, Маркоски, Арсеновски, Младеновиќ и Лазаревски.
Фудбалерите, Џордан Хендерсон и Џо Гомез, ќе го пропуштат утрешниот меч со Косово во рамките на претпоследното квалификациско коло за пласман на Европското првенство во 2020 година. Играчот од средниот ред на Ливерпул, Хендерсон, кој се соочува со вирусна инфекција откако пристигна во националниот камп, мораше да го пропушти и мечот со Црна Гора кога „гордиот албион“ славеше убедлива победа со 7 спрема 0. Неговиот тимски колега, Џо Гомез, го повредил коленото на вчерашниот тренинг и нема да патува за Приштина. Бидејќи Англија има обезбедено место на Континенталниот собир, утрешниот меч нема никакво значење за англичаните.
Плико во кое имало куршум и писмо со заканувачка содржина добил тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, објавија денеска медиумите во Италија. Во минатото такви и слични пратки на домашна адреса добивале и разни италијански политичари по што полицијата најави дека максимално сериозно ќе му пристапи на случајот и дека ќе му пружи заштита на тренерот на „нероаѕурите“. Ќе потсетиме дека Конте се соочува со критики и закани од навивачите на Јувентус откако ја напушти „старата дама“ за да го преземе кормилото на тимот од Милано.
