Нашите најдобри ракометарки ја забележаа првата победа на меѓународниот турнир во Анталија во Турција кој се реалзира во рамките на ЕХФ неделата. Тие по вчерашното реми со Италија, денеска ја совладаа младинската селекција на домаќинот со убедливи 37 спрема 19. Селекторот, Симе Симовски, им даде шанса и на помладите ракометарки кои во иднина треба да бидат костурот на селекцијата. Што се однесува до стрелците, најпрецизна во нашиот табор беше Андреа Седлоска која постигна 11 голови. Според распоредот, Македонија денеска од 17.00 часот ќе се сретне и со најдобрата селекција на Турција.
Author: dino
Интернационалниот олимписки комитет потврди дека ниту еден од 36-те судии и контролори, кои ја делеле правдата на боксерскиот турнир на Игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година, нема да се појави на ЛОИ 2020 во Токио. Одлуката е донесена откако работната група на ИОК утврдила, дека голем дел од сидиите и контролорите имале повеќе спорни одлуки на Олимпијата во Бразил, наведува Би-Би-Си. Тоа значи дека судиите и контролорите за претстојните Игри во јапонската престолнина ќе ги определи само Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА). Тие ќе мора да ги имаат потребните лиценци за да патуваат во Токио.
Италијанските медиуми објавија дека првиот човек на Наполи, Аурелио Лаурентис, сака да ги казни фудбалери со намалување на платата за 25 проценти откако не го послуша пред мечот со Салсбург и не прифатија да бидат ставени во карантин. Тоа значи нашиот, Елиф Елмас, кој изминатото лето пристигна во Неапол, може да остане без голем дел од платата. Тој има примања од 1,5 милион евра годишно, што значи дека ќе му бидат скратени 375 илјади евра. Во исто време, контроверзниот претседател на Наполи планира да направи голем рез во екипата и да се ослободи од повеќе фудбалери кои се издвојуваат во…
Тренерот на фудбалерите на Челзи, Франк Лампард, се обиде да објасни зошто максимално го применува клупскиот правилник за казни на играчите кои ќе ги прекршат правилата. Неговата реакција доаѓа по само неколку денови откако беше објавена листата со казни која е поставена на видливо место во простириите на „Стемфорд Бриџ“. „Фудбалерите се дел од процесот во клубот. Не дојдов тука да бидам диктатор. Тука сме да го направиме клубот подобар, мора да има дисциплина. Разбирам дека звучи грубо, но, правилата мора да се почитуваат. Никој не смее да доцни на тренинг, така е во секој клуб“ – изјави Лампард.
Ракометарите на Вардар денеска од 17.30 часот ќе се појават на теренот на Мешков Брест во рамките на 9 коло во групата „Б“ во Лигата на шампионите. Во редовите на „црвено-црните“ се враќа бекот Даинис Кристопанс кој ја залечи повредата додека мечот дефинитивно ќе мора да го пропушти, Кристијан Дисингер. Германецот отпатува за Белорусија, но, не е пријавен во записникот бидејќи го измачува старата повреда. Во ростерот на нашиот шампион ќе ги нема и Сергеј Горбок и Жозе Толедо кои останаа во Скопје. На табелата, лидерската позиција ја има Кил со 14 бодови пред Монтпелје со 12. Натаму следуваат: Веспрем…
Нашите најдобри фудбалери доколку го елиминираат Косово во полу-финалето во Лигата на нации, завршниот меч за пласман на ЕП во 2020 година ќе го одиграат во Тбилиси или во Минск. Тоа ќе зависи од исходот на второто полу-финале меѓу Грузија и Белорусија кое е на програмата во март догодина. Денешната ждрепка во Нион одлучи победникот од мечот меѓу Македонија и Косово кој ќе се одигра на 26 март во нашава земја, потоа да ја има улогата на гостин во Грузија или Белорусија. Еве го комплетниот распоред во сите конкуренции Лига А Исланд – Романија (домаќини во финале) Бугарија – Унгарија Лига…
Некогашниот холандски фудбалер, Патрик Клајверт, пред неколку денови изјави дека Матијас Де Лихт можеби направи грешка бидејќи го одбра Јувентус пред Барселона. На тоа експресно дојде одговор од младиот дефанзивец кој во текот на летото го напушти Ајакс и се пресели во екипата од Торино. „Не се каам за мојата одлука околу доаѓањето во Јувентус. Се и сешто се пишува и се шпекулира. Можеби изгледа како вистина кога личност како Клајверт изјавува така, но, тоа е само негова претпоставка“ – рече Де Лихт.
Емре Чан во јануари ќе си замине од редовите на Јувентус а дури три екипи се заинтересирани за неговиот потпис, најавуваат медиумите на „Чизмата“. Според „Калчо-меркато“, Германскиот фудбалер го посакуваат ПСЖ, Баерн Минхен и Барселона, но, првата понуда ја добил од Реал Бетис, кој е дел од Примера Дивизион. Се проценува дека искусниот фудбалер нема да ја прифати понудата од Шпанија бидејќи сака да заигра во атрактивен состав. Засега не се споменува трансферната сума што ќе ја побара „старата дама“ од Торино за да го ослободи искусниот фудбалер.
Маркус Рашфорд кој пред неколку месеци ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед, вели дека никогаш немал намера да го напушти стадионот – „Олд Трафорд“ бидејќи одлично соработува со тренерот, Оле Гунар Солскјер. „Нема подобар од него, тој е вистинскиот менаџер за нашиот тим“ – изјави одличниот фудбалер кој во континутет покажува блескави игри. „Црвените ѓаволи“ кои се на седмото место на табелата во наредното коло ќе му гостуваат на тимот на Шефилд Јунајтед. Рашфорд вообичаено ќе го предводи нападот.
Скаутите на Манчестер Јунајтед го следеле настапот на репрезентативецот на Италија, Николо Заниоли, кој на средбата со Ерменија постигна два гола и направи една асистенција. Младиот фудбалер на Рома во континуитет покажува блескави партии и затоа не изненадува што го привлече вниманието на европските гиганти меѓу кои влегува и Манчестер Јунајтед. Според проценките, Заниоло има трансферна вредност од 40 милиони евра, но, не се исклучува можноста „римската волчица“ за 20-годишниот играч да побара големи 80 милиони евра.
