Интернационалниот олимписки комитет потврди дека ниту еден од 36-те судии и контролори, кои ја делеле правдата на боксерскиот турнир на Игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година, нема да се појави на ЛОИ 2020 во Токио.
Одлуката е донесена откако работната група на ИОК утврдила, дека голем дел од сидиите и контролорите имале повеќе спорни одлуки на Олимпијата во Бразил, наведува Би-Би-Си.
Тоа значи дека судиите и контролорите за претстојните Игри во јапонската престолнина ќе ги определи само Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА). Тие ќе мора да ги имаат потребните лиценци за да патуваат во Токио.