Голден Стејт во тековнава сезона во НБА лигата има разочарувачки ефект од четири победи и дури 17 порази. Тој ефект очигледно не го загрижува тренерот, Стив Кер, кој по натпреварот со Орландо, изјави, дека неговите кошаркари ќе влезат во победнички ритам. „Имавме добар меч. Се гледа дека напредуваме, се надевам дека набрзо ќе ги имаме посакуваните успеси“ – потенцираше тренерот на минатогодишниот финалист во НБА лигата. „Не очекува напорна работа. Сега играме многу подобро споредено со почетокот на сезоната. Очекувам да ја надминеме најтешката фаза“ – потенцираше Кер.
Author: dino
Младиот фудбалер на ПСЖ, Килијан Мбапе, ќе почека до крајот на сезоната за да одлучи дали ќе ја продолжи соработката со „светците“ или ќе си замине во друг состав, објави новинарот на ТФ1, Жулиен Мајнар. Според наведеното, голгетерот ќе ја продолжи соработката доколку ПСЖ направи успех во Лигата на шампионите, во спротивно ќе побара да си замине од „Паркот на принцовите“. Познато е дека за неговиот потпис конкурира Реал Мадрид кој е подготвен да издвои фантастична сума за да го анагажира на – „Сантијаго Бернабе“.
Маурицио Почетино кој заработи отказ од Тотенхем и доби поголема сума на пари, ќе мора да врати еден дел во касата на „Спарси“ доколку преземе друг тим кој настапува во фудбалската Премиер лигата на Англија. Имено, искусниот стратег иако ја прекина соработката ќе мора да испочитува една од клаузулите која е валидна до наредното лето. Доколку Почетино преземе друга англиска екипа ќе мора да му плати на Тотенхем точно 14,5 милиони евра. Тоа значи дека аргентинскиот тренер најверојатно ќе се обиде да пронајде состав надвор од Островот а како можна дестинација се споменува Баерн Минхен кој моментално го води Ханс…
Ракометарите на Вардар претрпеа нов убедлив пораз во Лигата на шампионите. Унгарскиот Веспрем максимално ја искористи лошата состојба кај бранителот на тронот во поглед на повредени играчи и славеше во Скопје со 38 спрема 29. Гостите уште во првите минути направија голема предност и практично го решија победникот. „Црвено-црните“ во ниту еден момент не успеаа да се наметнат. Најдобар стрелец во составот на Вардар беше Атман со седум голови додека по четири постигнаа Калараш и Чупиќ. Кај Веспрем, Ненадиќ даде 11 голови додека Лауге Шмид, Мораеш и Мацковшек погодија по четири пати. Новиот меч за Вардар во ракометната елита ќе…
Британскиот весник –„ The Sun “ објави дека Жозе Мурињо одбил 14 милиони евра од Реал Мадрид за да ја одбие понудата на Тотенхем. Наводно, шпанскиот фудбалски состав планирал да го ангажира Специјалниот доколку Зинедин Зидан не успее да ги врати „белите“ на победничките патеки. Португалскиот стратег сепак не сакал да ја прифати понудата на тимот од „Сантијаго Бернабе“ и затоа потпиша за три години со популарните „Спарси“. Тој претходно во Премиер-лигата ги водеше екипите на Манчестер Јунајтед и Челзи. Мурињо речиси една година беше ангажман откако го напушти „Олд Трафорд“.
Британецот, Луис Хамилтон, ја заокружи одличната сезона соп триумф во Абу Даби на последната сезонска трка во Формула 1. Тој денеска извозе рутинирано и помина прв низ целта. Второто место му припадна на Макс Верстапеп на третото на пиедесталот се искачи Шарл Леклер. Сепак ќе треба да се сочека одлуката на стјуардите дали тој распоред ќе остане бидејќи на возачот на Ферари му прети дисквалификација поради спорната количината на гориво во болидот. Доколку Шарл Леклер биде казнет, неговото место ќе го превземе Валтери Ботас. Денеска бодови освоија уште и Фетел, Албон, Перез, Норис, Квајт и Саинц. Хамилтон ја одбрани титулата…
Тренерот на ракометарите на Вардар, Едуард Кокшаров, потенцира дека има на располагање само по еден играч на секоја позиција, но, кој и да игра на мечот со Веспрем во Лигата на шампионите, ќе го даде максимумот. „Имаме проблеми со повредени играчи. Ќе ни треба помош од нашата верна публика за да дојдеме до бодовите на мечот со Веспрем. Нема да можеме да правиме ротации како што сакаме, не можеме да формираме ниту одбрана 6-0, затоа ќе бараме други решенија“ – нагласи тренрот на Вардар на денешната средба со новинарите. Мечот меѓу „црвено-црните“ и гостите од Унгарија ќе биде одигран в…
Еурофарм работник и РК Пелистер потпишаа договор со кој фузираа и станаа – Еурофарм Пелистер. Тоа значи дека Битолчаниќе имаат две ракометни екипи со исто име а разликата ќе биде само бројот 2 кој ќе му се додаде на вториот состав кој ќе настапува само во домашните конкуренции. Главниот тим Еурофарм Пелистер ќе продолжи да се натпреварува во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите. Во договор на клубовите со Општина Битола, буџетот во наредните пет сезони ќе би минимум еден милион евра годишно од кои Општината ќе покрие една четвртина или 15 милиони денари.
Првите луѓе на фудбалскиот состав Арсенал денеска ќе решат дали тренерот, Унаи Емери, ќе остане на кормилото или ќе биде направена промена. Состанокот доаѓа откако „топчиите“ влегоа во катастрофална серија и на седум натпревари во сите конкуренции немаат остварено победа. Според – „Тајмс“, доколку Шпанецот биде отпуштен, неговиот помошник, Фреди Лунберг е прв фаворит да го води тимот на неделниот меч со Норвич закажан во Премиер лигата. Во фудбалските кругови се шпекулира дека за наследник на Емери може да биде именуван и Нуно Еспирито Санто кој седи на клупата на Вулверхемптон.
Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул во тековнава сезона, Фабињо, може да биде надвор од игра во наредните четири до шест недели, објавија медиумите кои ги следат случувањата во Премиер лигата на Англија . Според –„Дејли меил“, играчот од средината на теренот кој има повреда на глуждот, допрва ќе оди на снимање бидејќи медицинскиот штаб на „црвените“ чека прво да му спадне отокот па дури потоа да му направи детален преглед на ногата. Доколку се остварат прогнозите, Фабињо може да пропушти 10 мечеви меѓу кои и решавачкиот со Ред Бул Салцбург во последното коло во групната фаза во Лигата на…
