Денеска на средба со новинарите беше најавен традиционалниот турнир на медиумите во мал фудбал во организација на Спортско радио 90,3 фм кој од утре до недела ќе се реализира во салата„АРХИЕПИСКОП ДОСИТЕЈ“ во дворот на ООУ. Круме Кепески во Општина Кисела Вода. Неколку дена повторно ќе има дружење, забава и спортување а медиумите ќе ги покажат фудбалските квалитети во битката за престижните награди. Во главниот дел ќе настапат: СИТЕЛ, КАНАЛ 5, СПОРТСКО РАДИО 90.3 ФМ, АЛФА ТВ, ТВ 24, МРТВ, МТВ 2 и АЛСАТ М. Организаторот, Спортско радио 90.3 фм и поддржувачите на медиумите, најавија дека и годинава ќе има…
Author: dino
Холандскиот Ајакс кој беше најпријатното изненадување во претходната сезона во Лигата на шампионите и се пласираше во полу-финалето, сега не успеа да ја помине групната фаза. „Копјаниците“ по вчерашниот минимален пораз на домашен терен од Валенсија со 1:0, на крајот се трети во групата што значи дека ќе продолжат во Лигата на Европа. Еден од најдобрите играчи на Ајакс, Душан Тадиќ, не може да поверува дека неговито тим иако освои многу бодови не ја исполни првичната цел. „Навистина не знам што да кажам, имаме десет бодови а испаднавме од Лигата на шампионите. Нашиот сон беше да го освоиме трофејот. Лига…
Фудбалскиот состав на Милан не крие дека е заинтересиран за дефанзивецот на Барселона, Жан-Клер Тодибо, пренесува италијанската – „Газета дело Спорт“. Наводно, директорот на „росонерите“, Паоло Малдини, има постојан контакт со неговиот колега од каталонскиот тим Ерик Абидал во врска со евентуалниот трансфер на дефанзивецот. Бидејќи откупната клаузула на црномурестиот играч изнесува големи 150 милиони евра, Милан сака прво да го изнајми за 10 милиони евра со можност да го откупи неговиот договор доколку ги исполни очекувањата на тренерот. 19-годишниот Французин кој во јануари го напушти Тулуз и се активираше на „Камп Ноу“, досега одигра пет натпревари.
Тимовите во Формула 1 се договорија во новиот шампионат да ги користат истите гуми од претходната сезона бидејќи спецификацијата планирана за 2020 година не ги задоволи барањата. Тимовите откако ги тестираа новите гуми во Остин и Абу Даби, одлучија дека тие ги немаат очекуваните резултати. Поточно, прототипот на гуми од 2020. година доби многу критики. „Откако беше тестирана и анализирана новата спецификација на гуми за 2020 год. се одржа гласање во согласност со член 12.6.1 од техничкиот правилник. Гласањето донесе едногласна одлука на тимовите да ја задржат спецификацијата на гумите од 2019 година” – стои во објавата.
Боксерскиот меч меѓу Ентони Џошуа и Енди Руиз го сруши рекордот за најплатени посети на – „Sky Sports“. Иако сè уште нема официјални податоци од медиумите, британскиот менаџер, Еди Хорн, вели дека дуелот го следеле повеќе од 1,53 милиони гледачи со што е надминат рекордот кој беше поставен во 2017 година за мечот меѓу Џошуа и Владимир Кличко на Вембли. Двајцата боксери според договорот ќе добијат солиден процент од вкупната сума. Џошуа ќе инкарсира рекордни 46 милиони фунти во кариерата додека 10 милиони ќе добие Руиз.
Од четврток (12 декември) до недела (15 декември) ќе се реализира традиционалниот -Турнир на медиумите во мал фудбал во Организација на Спортско радио 90,3 ФМ. Денеска во просториите на Kанал 5 официјално беа формирани групите за првата фаза. ГРУПА „А“ ГРУПА „Б“ А1 Спортско радио 90,3 Б1 Канал 5 А2 Алсат М Б2 ТВ24 А3 МРТВ Б3 МТВ 2 А4 АЛФА ТВ Б4 Сител ТВ Натпреварите ќе се одиграат во салата -„АРХИЕПИСКОП ДОСИТЕЈ“ во дворот на ООУ. Круме Кепески во Општина Кисела Вода.
Денеска ќе бидат одиграни последните мечеви во групите „Е“, „Ф“, „Г“ и „Х“ во Лигата на фудбалските шампиони. По нив ќе добиеме уште шест екипи кои ќе одат во фазата на елиминации. Во „Е“ групата ќе играат Салцбург-Ливерпул и Наполи-Генк. Во групата „Ф“ ќе се сретнат Интер –Барселона и Борусија Дортмунд Славија Прага. Во групата „Г“ ќе играат Лион – РБ Лајпциг и Бенфика – Зенит додека во групата„Х“ ќе ги гледаме мечевите меѓу Челзи и Лил и Ајакс против Валенсија. За сите денешни возбудувања во фудбалската елита на Стариот континент, слушајте на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.
Луис Хамилтон е изненаден што повеќето возачи во Формула 1 се јавувале кај првиот човек на Мерцедес, Тото Волф и се распрашувале дали ќе може да добијат ангажман во неговиот тим. Шесткратниот освојувач на титулата во континуитет е дел од гласините дека на крајот на наредната сезона ќе го напушти Мерцедес. „Многу возачи си бараат ново место. Тото добил неколку повици и бил запрашан дали има слободно место во екипата на Мерцедес“ – изјави Британецот. Неговиот договор со германскиот тим е валиден до крајот на наредната сезона во 2020 година. Тогаш без договор ќе останат и Себастијан Фетел, Валтери Ботас…
Тренерот на фудбалерите на Челзи, Франик Лампард, верува дека неговите избраници ќе го продолжат патот кон титулата во Лигата на шампионите. „Сините“ денеска ќе го пречекаат отпишаниот Лил додека во вториот меч Ајакс ќе биде домаќин на Валенсија. „Ме чека мојот најзначаен натпревар. Свесен сум дека не играме добро на домашен терен, но, пласманот во квалификациите ќе биде голема работа. Денешниот меч ќе биде голем тест за нас„ – вели Лампард. Неговиот тим денеска ќе биде без Оливи Жиру и дефанзивецот Томори додека Антонио Рудигер ја санираше повредата и ќе биде вметнат во ростерот.
Фудбалерите на Интер денеска со победа против Барселона ќе се изборат за пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите без разлика што ќе направи Борусија Дормунд на средбата со Славија Прага. „Тие ја започнаа сезоната со цел да го освојат натпреварувањето. Со оглед на тоа што го обезбедија првото место, ќе можат да играат без притисок што може да биде проблематично за нас“ – вели тренерот на италијанскиот состав, Антонио Конте. Познато е дека Каталонците отпатуваа за Милано без Меси, Пике, Роберто и неколку повредени играчи. Тоа на некој начин треба да му ја
