Германката, Викторија Ребенсбург, победи во премиерниот супер-велеслалом во новата сезона во алпско скијање кој беше возен на патеката во канадскиот Лејк Луис.
Таа за цели 35 стотинки оствари подобро време од Италијанката, Никол Делаго кој се искачи на второто место на подимумот. Третото го пополни Швајцарка, Корине Сутер. Скијачката од САД, Микаела Шифрин, која е на лидерското место во генералното рангирање денеска го освои десеттото место.
Според календарот, наредниот викенд скијачките ќе се вратат во Европа и тоа во швајцарскиот зимски центар Сент Морис. Таму ќе бидат трките во веле-слалом и паралел-слалом.

