Италијанката, Софија Гоџа е победничка на денешната Супер Џи трката реализирана во швајцарскиот ски-центар Сент Мориц во рамките на Светскиот куп во Алпско скијање.
Таа до прва сезонска победа стигна за 1.стотинка побрзо од сонародничката, Фредерика Бриџоне. Главната фаворитка, Микаела Шифрин заврши на третата позиција. Американката на осум сезонски трки успеа по шести пат да обезбеди место на пиедесталот.
Машкиот слалом во францускиот Вал Дизер е презакажан за утре бидејќи денеска лошите временски услови не дозволија да се реализира.

