Author: dino

Фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед ќе му понуди плата од 200 000 фунти неделно на норвешкиот талент, Ерлинг Халанд, тврди денеска весникот-„Сан“. 19-годишниот голгетер од редовите на австрискиот Салцбург успеа да даде 28 голови на 22 одиграни натпревари и со тоа да го привлече вниманието на голем број европски гиганти. Според медиумите во Австрија, Ерлинг дефинитивно сака да ја промени средината а за неговите услуги покрај  Манчестер Јунајтед се заинтересирани и екипите на  Јувентус и на Борусија Дортмунд.

Read More

Новиот менаџер на Евертон, Карло Анчелоти, пред мечот со Ливерпул во третото коло во ФА Купот, вели дека фановите на „црвените“ се плашат од него. „Неколку дена сум во градот и ги запознав и поддржувачите на Ливерпул. Мислам дека тие се исплашени од мене бидејќи на неколку мечеви сум се радувал на победа против Ливерпул” – рече Анчелоти, цитиран од весникот –„Мирор“. Италијанецот во тековнава сезона додека седеше на кормилот на Наполи успеа да го совлада Ливерпул на домашен терен а потоа и да ремизира на стадионот – „Енфилд“.

Read More

Младиот фудбалер на ПСЖ, Килијан Мбапе, одново проговори за односот со клупскиот колега Бразилецот, Нјемар, откако медиумите во Франција во континуитет потенцираат дека меѓу нив има несогласување. Напаѓачот на „светците“ иако не ги демантираше таквите наводи, потенцира, дека сите играчи треба да се стават во функција на тимот и освојувањето на трофеите. „Кога дојдов Нејмар беше супер-ѕвезда. Потоа имаше пех со повредите и не беше во посакуваната форма. Веднаш му реков дека не сакам да го заземам неговото место туку сакам да му помогнам на тимот колку што можам“ –изјави брзоногиот голгетер од – „Паркот на принцовите“.

Read More

Младиот возач на Ферари во Формула 1, Шарл Леклер, доби нов побогат финансиски договор кој ќе му биде валиден до 2024 година. Т ој сега ќе заработува трипати повеќе од тоа што го добиваше  или поточно неговата годишна плата ќе изнесува вкупно 9 милиони евра. Леклер откако во последната сезона имаше седум пол-позиции и оствари две победи, сигурно со многу поголеми амбиции ќе влезе во наредниот шампионат во 2020 година. „Задоволен сум што повторно ќе возам за голем тим. Научив многу во мојата прва година и тоа ми беше добра отскочна даска“ – потенцираше Леклер откако го потпиша договорот во…

Read More

Новиот тренер на фудбалерите на Арсенал, Микаел Артета, се соочува со големи проблеми кога станува збор за играчкиот ростер. Шпанецот на деби мечот против  Бурнмаут закажан в четврток во Лондон, ќе ги нема на располагање поголем број од стандардните првотимци. Дел од нив се повредени , дел се санкционирани.  Според најавите,  Колашинац и Тирнеј се повредени и сигурно нема да настапат. Под знак прашалник се: Белерин, Холдинг и Мартинели. Прогонзите велат дека Себаљос дефинитивно отпадна од комбинација додека Чемберс ја исполни нормата за жолти картони и ќе мора да паузира на еден меч.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, најави дека неговиот тим ќе се жали за црвениот картон на Сон по невнимателнито старт врз Рудигер на дербито со Челзи одиграно во изминатиот викенд. Интернационалецот од Кореја заработи експресно суспензија од три меча. „Се надевам дека Сон нема да го казните пет пати. Првата санкција беше фаулот , втората е исклучувањето. Третата ќе биде што нема да игра против Брајтон. Четвртата што ќе го немам за гостувањето кај Норвич, ако го прескокне и Саутемптон, тоа би било петтата казна“ – потенцираше Португалецот. „Господинот во ВАР собата виде се погрешно. Немојте да го…

Read More

Младата фудбалска ѕвезда на Салцбург, Ерлинг Браут Халанд, е забележан како патува во Манчестер заедно со неговиот татко. Се верува дека двајцата одат за да ги финализираат преговорите за негов трансфер на „Олд Трафорд“ откакоу Манчестер Јунајтед ќе ја плати  откупната клаузула која изнесува околу 30 милиони евра. Норвешкиот весник – „Ставенгер Афтенблад“, пишува , дека фудбалерот кој има фантастична сезона во дресот на австрискиот тим, сака да работи под диригентската палка на неговиот сонардоник, Оле Гунар Солскјер. Двајцата претходно имаа зеднички денови поминати во норвешкиот тим Молде. Се верува дека преговорите меѓу двете страни се во завршна фаза и…

Read More

„Мундо Депортиво“ повикувајќи се на извори блиски до фудбалскиот состав Барселона, објави дека првата ѕвезда на Каталонците, Лео Меси, набрзо ќе ја продолжи соработката со елитниот шпанскиот состав. Аргентинецот има тековен договор до летото во 2021 година а челниците на тимот планираат да му понудат да остане на „Камп Ноу“ плус две сезони. Според напишаното, раководството на Барса и таткото на шесткратниот освојувач на „Златната топка“  кој му агент задолжен за трансфери, набрзо треба да седнат на маса и да ги утврдат сите детали околу новата соработка. Не е тајна дека Меси посакува кариерата да ја заврши токму во редовите…

Read More

Откако името на Пеп Гвардиола се поврза со тренерската позиција во ПСЖ, медиумите во Англија прогнозираат дека тренерот на Манчестер Сити може да ја промени средината доколку не ги добие потребните средства за купување на квалитетни засилувања. Шпанскиот стратег иако има договор со „граѓаните“ до летото во 2021 година, може да си замине и една година претходно бидејќи тоа му го дозволува клаузулата која е вметната во неговиот договор. Според медиумите во Англија, Гвардиола побарал да купи централен дефанзивец, лев бек и врвен голгетер. Доколку за таа цел добие пари од челниците на „граѓаните“, тогаш најверојатно ќе остане на „Етихад“,…

Read More

Германскиот елитен фудбалски состав, Баерн Минхен, најавува голема офанзива во текот на јануарскиот трансфер период. Според наведеното во медимуите, Баварците ќе се обидат да донесат квалитетен десен бек бидејќи Павар по сите ротации ќе биде вметнат во средишниот дел во одбраната.Како прва опција за тимот од Минхен се споменува Кансело кој не ги оправда очекувањата во Манчестер Сити и може да добие зелено светло да си замине. Втора опција е играчот на Монако, Хенрикс, кој исто така главно ја грее клупата.  Баерн Минхен во моментов има четири бодови  помалку од Лајпциг и Борусија Менхенгладбах кои се на чело на Бундес-лигата.

Read More