Младиот возач на Ферари во Формула 1, Шарл Леклер, доби нов побогат финансиски договор кој ќе му биде валиден до 2024 година. Т
ој сега ќе заработува трипати повеќе од тоа што го добиваше или поточно неговата годишна плата ќе изнесува вкупно 9 милиони евра. Леклер откако во последната сезона имаше седум пол-позиции и оствари две победи, сигурно со многу поголеми амбиции ќе влезе во наредниот шампионат во 2020 година.
„Задоволен сум што повторно ќе возам за голем тим. Научив многу во мојата прва година и тоа ми беше добра отскочна даска“ – потенцираше Леклер откако го потпиша договорот во Ферари.