Од денеска до 13 јануари во Австралија ќе се реализира премиерното издание на тенискиот АТП Куп кој доаѓа како загревање за првиот годинашен Грен Слем предвиден на терените во Мелбурн. На големиот собир ќе се појават 24 репрезентации а мечевите ќе се реализираат во градовите: Бризбејн, Перт и Сиднеј. Според шемата, селекциите ќе бидат поделени во шест групи и ќе одиграат по три кола. Во групната фаза ќе се одиграат по три меча, два во сингл и еден во двојки. Првиот меч ќе го одиграат тенисерите со послаб рејтинг а потоа доаѓа дуелот на носителите. Натпреварите се играат до два…
Author: dino
Избраниците на селекторот, Данило Брестовац, денеска во Словенија ги очекува контролен меч против домаќинот во рамките на подготовките за претстојното Европското првенство. Македонската ракометна репрезентација вечер од 19.00 часот во Слован Градец ќе излезе во комплетен состав и ќе се обиде да ја задржи позитивната серија во подготвителниот период. Треба да се нагласи дека на клупата на „Змајчеки“ ќе дибитира новиот селектор, Љубомир Врањеш, кој го наследи, Веселин Вујовиќ. Македонските ракометари по денешниот меч со Слевенија ќе одиграат и уште еден пријателски натпревар и тоа на 5 јануари против Црна Гора. Веднаш потоа нашата екеспедиција ќе замине на Континеталниот собир…
Дел од француските медиуми објавија дека челниците на Реал Мадрид започнале преговори со фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане, кој вчера успеа да погоди во мрежата на Шефилд Јунајтед и да ја потврди победата на неговиот тим. Според познатиот француски спортски медиум – „Ле10 спорт“, фудбалерот на „црвените“ е една од главните трансферни цели на тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан. Наводно, искусниот стратег на клупата на шпанскиот состав го посочил Сенегалецот како идеално решение за нападот заедно со Карим Бензема и Еден Азар. Се очекува Реал Мадрид во текот на зимскиот трансфер период да го продаде Герет Бејл и добиените средства…
Тренерот на кошаркарите на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, вели дека неговиот тим заслужено се враќа победнички од гостувањето кај Рогашка во рамките на 14 коло во АБА 2 лигата. Нашиот тим вчера славеше по две продолженија со 90:83 и прокнижи нови бодови во тркта за првото место на табелата. „Одигравме вистинско дерби. Двата тима прикажаа врвна и агресивна одбрана. Честитки до моите играчи за победата која многу ни значи“ – потнцираше тренерот на популарните „штркови“. Македонскиот шампион досега има ефект од 11 победи и три порази и фигурира во самиот врв на табелата. МЗТ Скопје во наредната рунда на 9 јануари…
Кошаркарите на МЗТ Скопје по две продолженија славеа на теренот на Рогашка со 90 спрема 83 во рамките на 14 коло во АБА 2 лигата. Мечот кој беше крајно возбудлив и драматичен, заврши нерешено во регуларниот дел 67 спрема 67. Во првото продолжение иако домаќинот поведе со пет поени разлика, МЗТ Скопје со кошевите на Стојановски и Харис, успеа да дојде до 74:74 и да се избори за уште едно продолжение. Во тој период нашиот тим покажа повеќе и благодарение на Милошевиќ кој беше најдобар на теренот со 30 поени и 11 скокови, успеа да дојде до посакуваната победа. Во…
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, иако има проблеми со ротацијата поради повредите на дел од стандардните првотимци, најави дека „црвените“ нема да бидат активни на трансфер пазарот. „Секоја година медиумите тврдат дека ќе купуваме играчи. Се сомневам дека ќе донесеме ново име во јануари“ – изјави кратко германскиот стратег. Сега во болницата на Ливерпул се Ловрен, Матип и Фабињо. Не може да играат и Окслејд-Чембрлејн, Шаќири и најновото засилување, Минамино.
Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, најверојатно ќе се обиде да го обезбеди потписот на Томас Лемар, кој во тековнава сезона ја нема посакуваната минутажа во редовите на Атлетико Мадрид. Интернационалецот од Франција откако не успеа да се наметне кај тренерот на шпанскиот состав, Диего Симеоне, најави дека планира да ја промени средината. Токму тој момент сака да го искористи менаџерот на „Спарси“ за да го купи крилниот напаѓач. Се проценува дека трансферната вредност на Лемар е околу 30 милиони евра што не би требало да претставува проблем за челниците на Тотенхем кои најверојатно ќе се определат да го…
Тренерот на фудбалскот состав Милан, Стефано Пиоли, не крие дека е презадоволен од ангажманот на Швеѓанецот, Златан Ибрахимовиќ, кој ќе ја продолжи кариерата во редовите на гигантот од Милано. „Добивме фудбалер кој е голем борец и има голема желба да се радува на победите. Додека разговараме рече дека е мирен и дека со нетрпение чека да ни се приклучи во екипата“ – потенцираше Пиоли. Ќе потсетиме дека 38-годишниот ветеран од Скандинавија во периодот од 2010 до 2012 година успешно го носеше дресот на „росонерите“ и постигна 42 гола.
Пеп Гвардиола кој најверојатно нема да успее да ја одбрани фудбалската титула во Англија со неговиот Манчестер Сити, вели дека „граѓаните“ се најдобриот состав на Островот во последната деценија. „Во последната декада освоивме буквално се, постигнавме многу голови и се израдувавме на титули. Тоа не беше лесно бидејќи моравме да им се спротиставиме на гигантите. Навистина ми е мило што станав дел од проектот на новите сопственици“ – потенцираше шпанскиот тренер на клупата на Манчестер Сити. Актуелните шампиони на Англија во моментов се наоѓаат на третото место на табелата со 44 бодови или 11 помалку од Лидерот Ливерпул кој денеска…
Шпанскиот фудбалски стратег, Микел Артета, успеа да се израдува на првата победа на чело на Арсенал откако неговиот тим вчера го совлада Манчестер Јунајтед со 2 спрема 0. Веднаш по дербито реализирано на „Емирати“, Артета нагласи дека е задоволен од прикажаното. „Одигравме одлично и тоа ме прави среќен. Сакам да им се заблагодарам и на навивачите бидејќи навистина беа одлични. Тоа што го замисливме уште во првиот дел го направивме. Во вториот паднавме на физички план, но, успеавме да го задржиме водството“ – вели Артета. Популарните „топчии“ имаат катастрофална сезона во Премиер лигата бидејќи по 21 коло се наоѓаат дури на…
