Американската скијачка, Микаела Шифрин, денеска имаше две одлични возења и успеа да дојде до првото место на слаломската трка која беше реализирана во австрискиот зимски центар Линц.
Таа на крајот обезбеди вкупно време од 1:48.89 минути со што го зазеде првото место на пидесталот пред словачката скијачка, Петра Влхова, додека на третото место заврши швајцарската скијачка, Мишел Гисин.
Шифрин со новите бодови само ја зголеми предноста пред конкурентките во генералниот пласман во Алспско скијање. Таа води и во салом со 300 бода или 140 повеќе од Влхова.
