Author: dino

Селекторот на нашата ракометна репрезентација, Данило Брестовац, вели дека лошиот почеток на вториот дел кумуваше на денешниот пораз од Чешка во второто коло во Групата „Б“ на ЕП. „Тие ни направија серија од 5-1. Имавме шанси и ги промашивме, тие дадоа од тешки позиции и тоа е тоа. Треба да бидеме разочарани. Јас се уште тврдам дека сме подобри од Чешка, но, денеска не бевме на посакуваното ниво“ – вели нашиот селектор Брестовац. „Чесите влегоа во ритам, погодија тешки шутеви преку десниот бек. Се вративме, дадовме се од себе, но, за жал, не успеавме да стигнеме до посакуваната победа„ –…

Read More

Петкратниот олимписки шампион, Мартин Фуркад (Франција), оствари втора победа во германскиот зимски центар Оберхоф откако триумфираше на масовниот старт на 15 км од Светскиот куп во Биатлон. 31-годишниот натпреварувач кој има 11-ет титули светски шампион, во петокот победи и во  Спринтот на 10 километри.Французинот денеска ја мина патеката за 41: 01.4 минути. Второто место му припадна на Германецот, Арнд Пифер додека третото го освои Симон Дестио (Франција).Победникот на Светскиот куп и лидер во сезонава, Јоханес Тингес Бо (Норвешка) го пропушти стартот во Оберхоф бидејќи неговата сопруга набрзо треба да се породи. Наредното коло од Светскиот куп во Биатлон ќе се…

Read More

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, кој беше подложен на операција на менискусот, ќе мора да паузира четири месеци, објави денеска шпанскиот состав. Тоа значи дека фудбалскиот репрезентативец на Уругвај ќе мора да го пропушти остатокот од сезоната. „Луис Суарез денеска беше артроскопски опериран од доктор, Рамон Кугат, со што беше решен неговиот проблем со екстерниот менискус на десното колено. Проблемот е решен а периодот за рехабилитација ќе бидечетири месеци“ – стои во соопштението на Каталонците. Суарез кој во тековнава сезона има одиграно 23 меча во сите конкуренции, има постигнато 14 голови.

Read More

Нашиот пивотмен, Жарко Пешевски, вели дека среќата ни го завртела грбот на мечот со Чешка, но , дека ништо не е загубено бидејќи не чека последниот меч со Австрија. „Мораме да го заборавиме поразот и да размислуваме за тоа што не очекува. Ќе треба да се насочиме само кон Австраија. Очекувам и тогаш да имаме значајна поддршка од трибините“ – вели Пешевски. „Допрва ќе ги анализираме Австријците, но, знаеме дека се главно на нивото на Чешка.Ќе треба да одиграме многу подобро и да го оставиме срцето на теренот“ – вели нашиот кружен напаѓач.

Read More

Нашиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски, вели дека сме ја загубиле свежината во вториот дел на мечот со Чешка и дека на тој начин сме му дозволиле на противникот да се наметне. „Одбраната ни беше добра во првото полувреме додека во вториот дел паднавме. Нивниот десен бек даваше лесни голови додека голманите ни одбранија неколку шутеви“ –вели Кузмановски. „Пропуштивме шанса преку Чешка да одиме во наредната фаза. Сега се ќе зависи од мечот со Австрија, тоа е потешкиот пат, но, ќе сториме се да ја оствариме целта“ – потенцираше Кузмановски

Read More

Македонските најдобри ракометари го претрпеа првиот пораз на Европското првенство.Тие денеска загубија од Чешка со 27 спрема 25 во рамките на второто коло во групата „Б“. По нашето добро издание во првото полувреме кое ни донесе предност од 11:9, Чесите се консолидираа во второто и на крајот успеаа да ги освојат бодовите. Капитенот, Кире Лазаров со 11 голови беше најпрецизен во нашиот табор, Манасков даде пет, Георгиевски четири. Голманите го немаа посакуваниот ефект. Македонија во последното коло во групата ќе се сретне со ко-домаќинот на ЕП, селекцијата на Австрија. Тој меч ќе биде одигран во вторник со почеток во 18.15…

Read More

Ракометарот на нашата репрезентација, Мартин Велковски, кој не доби шанса да се појави на вчерашниот меч со Украина на стартот на Европското првенство, вели дека противникот не можел да не изненади бидејќи бил добро анализиран. „Бевме подготвени за нивната игра 7 на 6, гледавме многу видеа, но, падна концентрација на пет разлика кога можевме да го завршиме натпреварот. Дозволивме да направат камбек, на крајот дури израмнија, но најискусниот ја презеде одговорноста и го реши мечот“ – вели Мартин Велковски. „Мислам дека сосема заслужено победивме бидејќи водевме во текот на целиот натпревар. Има одредени моменти кои треба да ги анализираме за…

Read More

Нашите најдобри ракометари по вчерашната победа против Украина, денеска имаат ден за одмор пред утрешниот меч со Чешка во рамките на 2 коло во групата во Виена. Нашиот пивот, Жарко Пешевски, вели дека Чесите ни се добро позната состав кој утре ќе оди на се или ништо . „Бидејќи загубија од Австрија сега ќе мораат да се обидат да ја искористат последната шанса. Ние ќе мораме да влеземе максимално концентрирани.Очекувам и голема поддршка од трибините“ – вели Пешевски. „Треба да одиграме добро во одбраната бидејќи Чесите се многу жестоки, играат грубо и мора да бидеме подготвени за таква борба“ –…

Read More

Португалската елитна фудбалска екипа, Бенфика, објави на официјалниот веб-портал дека го анагажирала напаѓачот на Флуминенс, Жуни Гонзалез. 25-годишниот Колумбиец потпиша договор за 4,5 години. Тој во изминатата сезона за бразилскиот состав забележа 62 натпревари и постигна 17 голови на сите турнири. Тој е второто зимско засилување за „лисабонските орли“, откако пред неколку дена беше ангажиран, Жулијан Вигел од Борусија Дортмунд, кој вчера дебитираше на средбата со Авеш кога неговиот тим победи со минимални 2 спрема 1.

Read More

Нашите најдобри ракометари остварија тешка, но, заслужена победа против Украина на стартот на Европското првенство. Тие во рамките на групата „Б“ во Виена, славеа со 26:25, благодарение на голот на капитенот, Кире Лазаров, постигнат буквално во последната секунда. Веднаш по мечот нашиот селектор, Данило Брестовац, во изјавата за Спортско радио 90,3 вели дека младите ќе мораат да преземат поголема одговорност во моментите кога се решава победникот. „До самиот крај беше неизвесно, Украинците успеаа да се вратат во игра иако ние го контролираме мечот. Мислам дека ќе треба поголема храброст кај помладите иако денеска покажаа голема борбеност. Ќе треба да направиме…

Read More