Американката, Михаела Шифрин, триумфираше на денешната трка во супер-велеслалом реализирана на патеката во Банско, Бугарија. Таа имаше за само 29.стотинки побрзо време од Италијанката Марта Басино. Третото место и припадна на Швајцарката, Лара Гут Бехрами.
Шифрин со денешната победа се доближи на само една до легендарниот Марсел Хиршер, кој е трет на вечната листа со 67 зад Линдзи Вон која оствари 82 победи и Швеѓанецот, Ингемар Стенмарк кој дури 86 пати победиваше во Светскиот куп.
Шифрин со новите бодови се зацврсти на првото место во поредокот во супер-велеслалом. Таа воедно го има и првото место во вкупното рангирање во Светскиот Куп во алпско скијање кај дамите.
