Атлетичарката од Русија, Марија Ласитскене, која има освоено три златни медали во скок во височина на Летните олимпијади, вели дека поради допинг скандалот во кој е вклучена нејзината земја, полека останува без спонзори.
„Како можеа да дозволат да се случи такво нешто. Тие не ги почитуваат спортистите. Никој нема да може да ми ги надокнади трошоците“ – вели Ласитскене алудирајќи дека нејзиниот спонзор „Најки“ ќе и го намали договорот.
Бидејќи Светската анти-допинг агенција (ВАДА) им изрече забрана за настап на руските спортисти во наредните четири години, тоа значи дека Русија нема да биде дел од ЛОИ во Токио.

