Спринтерката, Бријана Вилијамс, продолжи со одличните настапи во 2020 година. Таа победи на отворено во Кингстон на специјална трка на 60 метри.
Вилијамс ја помина патеката за 7,15 секунди. Веднаш до неа беа Наташа Морисон со 7,24 секунди и Один Вилијамс со 7,36 секунди.
Ќе потсетиме дека пред само две недели младата атлетичарка од Јамајка на патеката од 60 метри во сала забележа личен рекорд со време од 7,25 секунди.

