Французинот, Алексис Пинтуро, успеа да дојде до првото место на денешната трка во веле-слалом возена на патеката во Гармиш-Партенкирхен во рамките на Светскиот куп во алпско скијање.
Второто место на подиумот му припадна на Швајцарецот, Лоик Мелард а третото на норвешкиот скијач, Леиф КристијанНестволд-Хауген. Словенецот, Жан Крањец, првпат во сезонава не е на победничкиот подиум, но, останува лидер во рангирањето.
Зад него е Хенрик Кристоферсон кој денеска во Гармиш беше на седмото место, но, со освоените бодови и понатаму е најдобриот скијач во досегашниот дел од сезоната во Светскиот куп.