Екипата на Хаас во Формула 1 доцна синоќа го претстави новиот болид со кој ќе настапува во претстојниот шампионат.
На возилото доминира црно-белата боја а ја нема златната нијанса кој беше видлива на минатогодишниот болид. Луѓето од Хаас очекуваат дека новиот модел ќе донесе многу побри резултати за разлика од претходните шампионати.
Новата сезона во така наречениот „циркус на тркала“ ќе започне на 15-ти март со трката во Мелбурн за Големата Награда на Австралија.