Author: dino

Тренерот на ракометарите на Вардар, Стевче Алушовски, пред мечот со Мотор Запорожје во ЛШ, вели дека сите се свесни за актуелната ситуација и дека дека тие што се во тимот ќе дадат се да обезбедат победа. „Не очекува тешка средба. Имаме проблеми со играчкиот кадар, но, играме на домашен терен. Мотор е сериозна екипа која ќе дојде со амбиции да победи, но, ние сме тим кој е актуелен европски првак и играме на домашен терен па се надевам на најдоброто“ – изјави Алушовски на денешниот прес. Капитенот на европскиот ракометен шампион Вардар, Стојанче Стоилов, нагласи дека клубот во многу лоша…

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација денеска и официјално стартува со подготовките за квалификациските дуели против Естонија на домашен терен (20.02) и против Русија на гости три дена подоцна. Селекторот, Александар Тодоров,  нагласи дека го има оптималниот состав. „Нема да има молење за игра, кој сака е тука. Јас сум задоволен и пресреќен што само добив еден негативен одговор . Да се подготвиме добро за дуелот со Естонија, да го дочекаме тој меч оптимално здрави“ – вели Тодоров. Капитенот, Војдан Стојановски, очекува добар почеток на квалификациите. „Имаме доволно време да се подготвиме за првиот натпревар со Естонија, што е многу значaен за нас.…

Read More

Тенисерката, Габрине Мугуруза, која има венецуелско потекло а настапува со шпански пасош, ќе биде дел од главната шема на силниот турнир во Дубаи. Финалистката на годинешното издание на Австралија Опен доби специјална покана од страна на органзиаторот и затоа ќе им се приклучи на шест од десетте најдобри на ВТА листата кои ќе настапат во Обединетите Арапски Емирати. Тоа се: Симона Халеп, Каролина Плишкова, Елина Свитолина, Белинда Бенчиќ, Софија Кенин, Кики Бертенс. Турнирот ќе се игра од 17 до 29 февруари.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, гласно размислува околу неговата иднина во англискиот клуб. „Граѓаните“  најверојатно нема да ја одбраната титулата во Премиер конкуренцијата додека во Лигата на шампионите ги чека голем предизвик и двомечот со Реал Мадрид. „Ако не го елиминирам Реал Мадрид, може да дојде газдата на Сити и да ми рече: Не си доволно добар, ќе добиеш отказ. Навистина не знам, такви работи се случуваат во фудбалот. Од друга страна, може да дојде и да биде задоволен, да каже дека сме одиграле добро“ -изјави Гвардиола. „Има големи тренери кои не работат во добри тимови. Јас…

Read More

Фудбалскиот стратег, Масимилијамо Алегри, се наметнува како најсериозен кандидат да седне на клупата на Манчестер Јунајтед доколку тимот предводен од Оле Гунар Солскјер, не успее да обезбеди место во топ 4 во Премиер лигата. Искусниот стратег од Италија нема активности откако го напушти кормилот на Јувентус. Весникот „Телеграф“ го поврзува со неколку екипи меѓу кои влегуваат и „црвените ѓаволи“. Според наведеното, англичаните сакаат да го ангажираат Маурисио Покетин, но, доколку не успеат во тоа, најверојатно ќе се насочат кон Алегри. Во исто време медиумите во Италија нагласуваат дека за услугите на Алегри се интересира и тимот на Милан а не…

Read More

Откако се појави веста дека Челзи ќе му плати на Ајакс околу 40 милиони евра за да го купи одличниот фудбалер, Хаким Зијаш, тренерот на холанѓаните, Ерик Тен Хаг, не крие дека тоа се очекувало во клубот. „Трансферот доаѓаше и очекувавме да се случи. Јас искрено очекував да се случи пред една или две години. Среќни сме дека го имаме до крајот на сезоната“ –изјави тренерот на Ајакс. Интернационалецот од Мароко неколку сезони се наметнува како еден од најдобрите напаѓачи во клубот. Тој до крајот на сезоната ќе остане на „Амстердам Арена“ а потоа ќе се активира кај „сините“ од…

Read More

Тренерот на ракометарите на Нексе, Хрвоје Хорват, призна дека во четвртфиналето на СЕХА лигата оди посреќната екипа. Неговиот тим загуби во Битола, но, ја одбрани предноста од првиот меч. „Пред сè сакам да ѝ честитам на публиката за одличната атмосфера која ја приреди. Што се однесува до натпреварот, решаваа нијанси, можеби нашата игра „7 на 6“, но, кога ќе се собере сè мислам дека победи посреќната екипа“ – вели Хорват. „Ние сме поискусни, долго сме заедно, за разлика од домаќинот. Еурофарм Пелистер има квалитети и верувам дека со ќе бележи позитивни резултати“ – потенцираше тренерот на хрватскиот состав.

Read More

Екипата на Еурофарм Пелистер иако славеше против Нексе со 24-22, не успеа да влезе во 1 /4 финалето во СЕХА лигата бидејќи Хрватите славеа на првиот меч со три гола предност. Крилото, Мирко Радовиќ, жали за елиминацијата. „Одигравме добар меч и навистина ми е жал за навивачите што не поминавме понатаму. Битола и нашите фанови се фантастични, заслужуваат многу мечеви и многу победи. Сакам да им се заблагодарам на навивачите што дојдоа во толкав број и нè бодреа во текот на сите 60 минути“ – вели Радовиќ. „Битола е ракометен град а публиката покажа дека ја знае и разбира оваа…

Read More

Тренерот на ракометарите на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, вели дека елиминацијата од Нексе во СЕХА лигата не треба да донесе големо разочарување бидејќи имало и позитивни работи на теренот. „Им благодарам на играчите, натпреварот беше драматичен и интензивен. Овој град и овие навивачи се навистина одлични и јас сум среќен што сум тука. Навистина сум горд што денес ги водев овие момци а од срце им се заблагодарувам на навивачите кои ни приредија одлична атмосфера“ – вели Бабиќ. „Пред нас има уште многу работа, и се надеваме на подобри резултати во иднина Честитки на екипата на Нексе, пласманот им е…

Read More

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски  и Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски,  извршија увид на локацијата на која треба да се направи реконструкција на Пешачката „Трим Патека“  која е во должина од 2.2 километри. „ Владата ја усвои информацијата за санација на пешачката патека што значи дека граѓаните за краток период ќе добијат нова реконструирана пешачка патека“ – изјави Каевски. Пешачката „ Трим патека“  ќе се реконструира во две фази. Истата е со променлива ширина од 1,50 – 2,50 метри  за да овозможи непречено движење на пешачки и велосипедски сообраќај како и рекреација на граѓаните.

Read More