Author: dino

Тоа што го најави Спортско радио 90,3 ФМ пред неколку денови, денеска беше потврдено и од страна на СЕХА Гаспром лигата. Завршниот Ф4 турнир или битката за победничкиот пехар на најдобрите четири екипи во тековнава сезона, ќе се одржи од 3. до 5. април во Задар.  Вардарци кои се во улога на бранители на тронот, за да влезат на Ф4 турнирот ќе треба да излезат како севкупни победници по двомечот со хрватскиот Нексе. „Информираме дека Задар ќе биде домаќин на деветтото издание на Ф4 турнирот во СЕХА – Гаспром лигата. Тоа ќе биде  трет пат по Загреб 2012 и Вараждин…

Read More
NBA

Говорот на Шекил Онил предизвика големи емоции кај присутните во „Стејпл центарот“ кои беа дел од комеморацијата  за Коби Брајант кој трагично го загуби животот во хеликоптерската несреќа во Калифорнија. Онил и така наречената „мамаба“ беа главните ѕвезди во периодот кога „езерџиите“ доминираа во најсилната светска кошаркарска  конкуренција. „Коби беше навистина талентиран. Срцето најмногу му го исполнуваше улогата на сопруг на Ванеса и татко на Џиџи, Наталија, Бјанка и Капри. Коби и јас се мотивиравме да ја играме најдобрата кошарката и горд сум што ниту една екипа по Лејкерси со Коби и Шек, не освоила три титули во низа. Мамба,…

Read More

Челниците на Милан ќе треба да одвојат околу 40 милиони евра доколку сакаат да го задржат Анте Ребиќ кој игра како позајмен од Ајнтрахт Франфурт, објавија медиумите во Италија. Хрватскиот фудбалски интернационалец има времен-договор со „росонерите“ за две сезони, по што гигантот од Милано ќе има опција да го ангажира за постојано доколку се договори со германскиот состав. Според наведеното во медиумите, Ајнтрахт Франкфурт ќе бара 40 милиони евра за потписот на Ребиќ а 50% од таа сума ќе треба да ја добие Фиорентина или претходниот тим на Ребиќ.

Read More

Главниот дефанзивец во редовите на Наполи, Калиду Кулибали, нема да може да се појави на денешниот меч со Барселона на стартот на елиминациската фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Натпреварот ќе биде одигран доцна вечер од 21.00 часот на стадионот – „Сан Паоло“  а италијанскиот тим го објави ростерот за дуелот со Шпанците. Помеѓу играчите кои ќе ги има на располагање домашниот тренер, Гатузо, не влегува Кулибали кој подолго време се мачи со повреда и мораше да пропушти неколку натпревари. Во составот на Наполи се најдоа новите засилување Диего Диеме, Лоботка и Политано.

Read More

Томас Милер еден од ветераните во редовите на Баерн Минхен, верува дека неговиот тим ќе дојде до позитивен резултат на денешното гостување кај Челзи во првиот меч од осмина-финалната фаза во Лигата на фудбалските шампиони. „Немаме од што да се плашиме затоа што тие не се меѓу елитата на Европа. Јас сум сигурен дека ќе победиме. Се уште се сеќаваме на поразот во финалето во 2012 година. Да, тоа ни помогна да го освоиме трофејот 12 месеци подоцна“ – вели Милер. „Болката тој ден во Минхен беше голема. Кога постигнав гол во 83-та минута, тоа беше најсреќниот момент во мојот…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен (Минхен), Ханс Флик, имаше ласкави зборови за тимот на Челзи кој ќе му биде противник  во фазата на елиминации во Лигата на шампионите. Првиот натпревар меѓу двете екипи е вечер на „Стемфорд Бриџ“ а Флик знае дека нема да биде лесен. „Сакам да му честитам на Френк Лампард. Неговиот тим е млад и игра многу добро во контра-напади и секогаш е непредвидлив“ -рече Флик. „Неколку пати сум бил на „Стемфорд Бриџ“ вклучително и минатата сезона со Ајнтрахт (Франкфурт) во Лигата на Европа. Во последните неколку месеци се докажавме на многу натпревари. Очекувам добар настап…

Read More

Нашите најдобри кошаркари денеска ги очекува мечот од второто коло во квалификациите за Европското првенство во 2021 година. По стартниот пораз дома од Естонија, избраниците на селекторот Александар Тодоров, попладнево од 16.00 часот ќе се појавата на теренот на Русија. „Зборнаја“ во првиот меч исто така остана со празни раце на гостувањето кај Италија која патем кажано е еден од ко-организаторите на Континенталниот собир. Русите за денешниот меч ќе ги имаат на располагање крилото на Зенит, Владислав Трушкин и крилниот центар на ЦСКА од Москва, Џоел Боломбој, кои не стапија на првиот меч против „аѕурите“.

Read More

Првите луѓе на италијанскиот фудбал одлучија да одложат уште еден меч од Серија „А“ поради опасност од корона-вирусот. Тоа значи дека по средбите Интер – Сампдорија, Аталанта – Сасуоло и Верона – Калјари сега е одложен и мечот меѓу  Торино и Парма.  Вчера беше потврдено дека почина и второ лице заболено од коронавирусот во северниот дел од земјата поточно во регионот Ломбардија. Денеска на Апенините се игра дуелот Џенова-Лацио и Рома – Лече од 18 часот.

Read More

Спортскиот директор на фудбалскиот состав Милан, Паоло Малдини, зборуваше за иднината на хрватскиот интернационалец Анте Ребиќ кој игра како позјамне од Ајнтрахт Франкфурт и ветеранот Златан Ибрахимовиќ кој има договро до крајот на сезоната. Ребиќ во континуитет покажува дека е во одлична форма а на вчерашниот меч со Фиорентина успеа да дојде и до седмиот гол во тековнава сезона. „Ребиќ е на двегодишна позајмица, што значи дека сигурно ќе биде со нас и во наредната сезона. Потоа ќе видиме дали ќе успееме да се договориме со Ајнтрахт за негов откуп“ –  изјави Малдини. „Ибрахимовиќ потпиша договор на шест месеци, но, има клаузула…

Read More

Белгискиот фудбалски интернационалец во редовите на Реал Мадрид, Еден Азар, само што се врати на теренот откако се излекува од повредата, повторно ќе мора да оди на подолга рехабилитација. „Кралевите“ вчера останаа без бодови на теренот на Леванте а го загубија и играчот од средниот ред кој доби силен удар во десниот скочен зглоб или кој претходно му беше опериран. Дека неговата повреда е сериозна потврди и тренерот на „белите“, Зинедин Зидан. Реал Мадрид во наредниот период го очекуваат големи предзивици меѓу кои се дуелите со Манчестер Сити во Лигата на шампионите и дербито со Барселона во Примера Дивизион.

Read More