Фудбалерите на Вотфорд во текот на викендот успеаа да го фрлат на колена големиот Ливерпул и да го запрат да постави рекорди во Премиер лигата. „Црвените“ сега остана изедначени со Манчестер Сити со 18 победи во серија и воедно без шанса да го израмнат историскиот рекорд на Арсенал кој ја освои титулата без пораз. Тренерот на Вотфорд, Најџел Пирсон, откри дека по мечот останал воодушевен од реакцијата на противничкиот тренер, Јирген Клоп. „Тој беше многу, многу учтив и срдечен. Секоја чест за неговата реакција. Да бидеме искрени, тие се неверојатен тим и направија страшна работа. Импресионирам сум“ – изјави менаџерот…
Author: dino
Организаторите на „Moto GP“ шампионатите решиле да ја откажат трката за ГН на Катар во кралската класа поради корона-вирусот, но, да дозволат да се реализираат трките во Мото 2 и Мото 3 шампионатите бидејќи екипите и возачите се пристигнати во Катар. Поради појавата на епидемијата на корона-вирусот, сите возачи ќе бидат прегледани и доколку немаат никакви здравствени проблеми ќе добијат зелено светло да се појавата на патеката. Од друга страна, бидејќи дури шест возачи во кралската класа доаѓаа од Италија, земја во која има најмногу заболени од корона-вирусот, организаторите се определија да го откажат тоа натпреварување.
Фудбалерот на Барселона, Серхио Бускетс, по вчерашниот пораз на теренот на Реал Мадрид во дербито на Ла Лига, потенцираше зошто неговиот состав остана со празни раце на „Сантијаго Бернабе“. „Не успеавме да ја зголемиме предноста на табелата и да направиме исчекор кон титулата. Првото полувреме беше добро, но, во второто, многу работи се променија. Имаме проблем да ја изнесеме топката од нашата половина и тие го искористија тоа за да не притискаат“ – вели Бускетс. „Ја загубивме контролата кога почнавме да ги губиме топките во нашата половина. Не знаеме да ја изнесеме топката кога ни прават директен притисок човек на…
Фудбалерите на Манчестер Сити по вчерашата победа против Астон Вила ја освоија титулата во Лига-купот на Англија а нивниот предводник од клупата, Пеп Гвардиола, успеа да дојде до 29 трофеј во неговата тренерска кариера. Шпанскиот стратег сега се израмни со Украинецот, Валери Лобановски, кој за повеќе од четири децении се израдува на 29 пехари. Гвардиола пак, успеа тоа да го направи за 12 сезони бидејќи во неговата ризница има 14 пехари со Барселона, седум како тренер на Баерн Минхен и осум со Манчестер Сити. Неприкосновен на чело на ранг-листа се наоѓа легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, кој…
Тренерот на фудбалерите на Барселона, Кике Сетиен, вели дека вчерашниот пораз во Ел Класико од Реал Мадрид нема да влијае негативно во неговата екипа која очигледно не успева да ја пронајде посакуваната форма. Каталонците загубија со 2-0 по што „кралевите“ се вратија на челната позиција на табелата со еден бод предност. „Тоа што се случи нема никакво значење за мојот состав. Има многу мечеви до крајот на асезоната и се миже да се случи“- потенцираше тренерот на Барса. „Имавме добра игра во првиот дел, но, во второто полувреме тие беа подобар противник. Треба да продолжиме да работиме и да ја…
Ракометарите на Вардар загубија од Монпелје со 31 спрема 27 во СЦ „Јане Сандански“ по што го освоија шестото место во групата „Б“ во Лигата на шампионите. Французите максимално ја искористија очајната состојба кај актуелниот европски првак гледано од секој аспект и ги однесоа бодовите од Скопје. Стоилов со седум голови беше прв стрелец кај домаќинот додека Горбок постигна шест. Голманот Кизиќ имаше девет одбрани. „Црвено-црните“ сега ќе ја чекат разврската во другата група за да го дознаат противникот во фазата на елиминации. Како можни противници се наметнуваат Пик Сегед (Унгарија) и францускиот, Пари Сен Жермен, кој го води поранешниот…
Претседателот на фудбалската Ла Лига, Хавиер Тебас, ги уверува сите во Шпанија дека е крајно внимателен во врска со проблемот со корона-вирусот. Во тој правец е формирана посебна комисија за да се анализира состојбата за секој натпревар и да се разгледа дали е потребно да се затвори стадионот за навивачите или дури и да се одложат натпреварите. Во моментов во земјата има 32 лица заболени од корона-вирусот. „Ние не импровизираме, ние следиме детални информации и подготвени сме да одговориме кога е потребно“ – рече Тебас.
Тренерот на фудбалерите на Наполи, Џенаро Гатузо, на денешната средба со новинарите пред мечот со Торино во Серија „А“, проговори за неговата иднина во клубот. „Имам договор до крајот на 2021 година со опција да заминам по 30 април. Сепак, во моментов нема проблеми со мојот договор. Дојдов тука да ги постигнам нашите цели. Јас разговарам со претседателот 3-4 пати на ден“ – вели Гатузо. „Сакам да тренирам луѓе кои сакаат да дојдат тука. Наидов на многу професионализам. Одбив две понуди бидејќи сакав да тренирам клуб кој настапува во Лигата на шампионите“ – потенцираше тренерот на Наполи.
Дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт, поради повреда ќе биде надвор од фудбалските терените околу еден месец. Тоа го откри менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола. Дефанзивецот се повреди на натпреварот со Реал Мадрид одигран во средата во Лигата на шампионите. „Лапорт ќе го нема околу три недели или околу еден месец. За жал, тоа се случува во континуитет. Животот не е лесен, фудбалерите мора да се носат со сите проблеми“ –искоментира тренерот на Манчестер Сити. „Ние сме фокусирани на финалето. Астон Вила е многу организиран тим. Тие имаат искусен голман“ – потенцираше Гвардиола пред финалето во Купот на Англија.
Ракометниот тим на Вардар не ја прифаќа препораката на Владата на Македонија сите спортски настани до 6 март да се реализираат без публика. Како превенција за ширење на корона-вирусот, Министерот за здравство, Венко Филипче, достави предлот за забрана на сите големи јавни собири и спортски настани а Владата на денешната седница делумно го прифати барањето и препорача спортските натпревари да се одиграат без публика. Тоа нема да го направи ракометниот тим на Вардар кој најави дека на утрешниот меч во ЛШ со Монпелје ќе биде дозволено присуство на навивачите бидејќи станува збор за меѓународна конкуренција.
