Author: dino

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, не крие дека е крајно разочаран од настапот на  дел од фудбалерите на гостувањето кај Барнли во рамите на Премиер лигата. Натпреварот заврши нерешено 1:1 а голот за Спарси беше дело на Деле Али. „Класата на Лукас Моура и Џовани Ло Селсо е голема. Тие двајца заедно со Деле Али и Стефан Бергвајн иако беа многу уморни видовте што направија. Очекував многу повеќе од играчите што се одморни. Тие треба да  разберат дека се дел од Премиер лигата“ потенцираше Португалецот. „Сакам да работам за да го подобрам тимот. Сепак, еден тренер не може да стори…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Барселона, Кике Сетиен, по вчерашната тешка победа против Реал Сосиедат благодарение на голот од пенал на Лео Меси, нагласи, дека ВАР системот го одредил победникот. „Имавме добра контрола на теренот. Направивме повеќе шанси од противникот. Победивме благодарение на ВАР. Не ја видов добро ситуацијата со пеналот, бев далеку на клупата” – вели тренерот на Каталонците. „Знаевме дека натпреварот ќе биде многу тежок. Нашиот противник имаше 6 победи вклучително и против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабе“. Тие се финалисти во Купот на кралот и располагаат со квалитетни фудбалери кои можат да ја држат топката” – вели тренерот…

Read More

Денешата трка во веле-слалом во рамките на Светскиот куп во алпско скијање која требаше да се реализира во норвешкиот зимски центар – Квитфил, беше откажана поради големо невреме и лошите временски услови. Вчера практично во последната сезонска трка, Матијас Маер од Австрија успеа да дојде до првото место, но, малиот кристален глобус на крајот заврши во рацете на Беат Фојц кој со пласманот на четвртото место успеа да ја оствари посакуваната цел. Швајцарецот трета сезона по ред успева да дојде до победничкиот пехар во веле-слалом.

Read More

Бранителот на титулата во СЕХА лигата, Вардар, денеска од 17.00 часот ќе гостува кај Нексе во првиот меч од 1 / 4 финалната фаза во регионалната ракометна конкуренција. Според најавите од двете страни, „црвено-црните“ колку –толку успеаа да се комплетираат пред натпрeварот во Нашице додека домаќините ќе бидат без бековите, Иван Сршен и Марко Бувиниќ. Треба да се напомене дека Нексе во претходната рунда успеа да го елиминира вториот македонски претставник во СЕХА лигата, составот на Еурофарм Пелистер. Реваншот меѓу Вардар и Хрватите ќе биде одигран на 15 март во Скопје во СЦ „Јане Сандански’. Победникот од двомечот ќе си…

Read More

Енис Барди кој има блескави настапи за шпанскиот Леванте и во нашата репрезентација, имаше интервју за косовските медиуми в пресрет на полу-финалниот бараж во Лигата на нации. „Не чека тежок натпревар со Косово. За мене тоа ќе биде многу емотивен меч. Мојата мајка е од Косово, но, на терен ќе играм за Македонија која ми даде шанса и јас сум и благодарен. Нашата цел е да се пласираме на Европско првенство а за тоа да се оствари ќе мораме прво да го победиме Косово“ – вели македонскиот интернационалец. „Во селекцијата ги имаме Елмас, Пандев, Алиоски и многу други. Се надевам…

Read More

Стив Мекманаман, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Англија, потенцира, дека Рахим Стерлинг треба да остане во редовите на Манчестер Сити. Неговата изјава доаѓа откако брзоногиот голгетер неодамна нагласи дека е среќен кај „граѓаните“, но, ако дојде понуда од Шпанија, тогаш работите може да се променат. „Манчестер Сити во моментов е подобар тим од Реал Мадрид. Никогаш не знаеме што ќе се случи. Мислам дека Стерлинг треба да ја продолжи кариерата во Англија. Таму се најдобрите клубови во Европа, Ливерпул и Манчестер Сити“ – вели Мекманаман кој еден дел од кариерата ја помина во Реал Мадрид

Read More

Себастијан Фетел кој настапува за екипата на Ферари во Формула 1, нагласи дека и понатаму ќе остане дел од така наречениот – „циркус на тркала“ бидејќи тоа го исполнува и го прави среќен. „Нема причина да си заминам. Во текот на зимата размислувава за пензија, но, дојдов до заклучок дека сакам да продолжам“- вели Германецот. Неодамна и првиот човек на Ферари, Матија Биното, посочи дека Фетел останува прва опција иако младиот, Шарл Леклер, полека се наметнува како главен возач.

Read More

Нашата тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во третото коло на силниот ИТФ фјучрс турнир кој се реализира во Анталија. Таа денеска доживеа елиминација како во сингл така и во игра на двојки. Ѓорческа прво беше елиминирана од шпанската тенисерка, Лазаро Гарсија, со 2-0 по сетови  6-3 и 6-4 а потоа го заврши настапот и во двојки. Македонката заедно со Деспина Папамихаил од Грција беа совладани од Маркова и Радишиќ и тоа во два сета. Во првиот 6-2 и во вториот 7-5 на поени  10-3.

Read More

ФФМ денеска ги одреди судиите за 22 коло во прволигашата конкуренција. Марјан Гоцевски ќе биде главен на мечот меѓу Ренова и Вардар додека Марјан Младеновски ќе суди на средбата во Велес на мечот меѓу  Борец и Шкендија. Мечот Работнички – Академија Пандев му е доделен на  Јован Качевски додека средбата во Кратово меѓу Силекс и Македонија ЃП ќе ја води Александар Ставрев. На дуелот меѓу Струга Трим Лум  и Шкупи, главен судија ќе биде Јосип Бартон. Еве ја табелата в пресрет на новото прволигашко коло. Вардар 43 бода, Шкендија 35, Силекс 32, Македонија ЃП 29, А. Пандев 28, Шкупи 25,…

Read More

Откако Ливерпул влезе во кризен период, англиските медиуми успеаа да го пронајдат „виновникот“. Тоа е дете што навива за Манчестер Јунајтед и кое му испратило писмо на Јирген Клоп со молба да ја прекине победничката серија. Дарах од Донегал кој има само 10-ет години му пратил писмо на Клоп на 24 јануари во кое го моли да прекине да победува и неговиот тим да дава голови. Писмото беше хит, зашто Клоп дури и му одговори, за да му посочи дека тоа му е работа. Според медиумите, Германецот откако го доби писмото не успeа да го задржи победничкиот ритам.

Read More