Себастијан Фетел кој настапува за екипата на Ферари во Формула 1, нагласи дека и понатаму ќе остане дел од така наречениот – „циркус на тркала“ бидејќи тоа го исполнува и го прави среќен.
„Нема причина да си заминам. Во текот на зимата размислувава за пензија, но, дојдов до заклучок дека сакам да продолжам“- вели Германецот.
Неодамна и првиот човек на Ферари, Матија Биното, посочи дека Фетел останува прва опција иако младиот, Шарл Леклер, полека се наметнува како главен возач.
