Author: dino

Нашиот најдобар тенисер, Томислав Јотовски, доживеа елиминација на стартот на главната фаза на ИТФ фјучерсот во Пореч, Хрватска што се игра на земјени терени за награден фонд од 15.000 американски долари. Тој денеска загуби со 2 -0, по сетови 6:1 и 6:4, од Италијанецот, Јулијан Оклепо, кој е на 310-то  место на АТП листата. Јотовски кој подолг период  беше надвор од терените поради повреда, претходно успешно ги помина трите елиминациски кола. Македонскиот тенисер во моментов се наоѓа на  1223-то место во светското рангирање што го прави АТП.

Read More

Македонската боксерска репрезентација ќе се појави на квалификацискиот турнир за ЛОИ кој ќе биде релизиран од 14 до 24 март во Лондон. Организаторите на турнирот потврдија дека нема да има одложување  на борбите поради добро познатата ситуацијата со корона-вирусот.  Нашата репрезентација предводена од селекторот, Хесус Сојет од Куба, од вчера се подготвува во престолнината на Англија. Македонија ќе ја претставуваат, Јасин Љама (63 килограми) и Гоце Јанески (75 килограми. „Добро се подготвивме за квалификациите, бевме на заеднички подготовки во Белград со селекцијата на Србија. Ветувам дека ќе дадам се од себе на овој турнир “ – вели Љама од Лондон.…

Read More

Англиските фанови на Тотенхем разочарани ја напуштија Германија откако нивните миленици вчера загубија на теренот на Лајпциг со убедливи 3-0 со што прерано го завршија настапот во ЛШ.  Играчот на „Спарси“, Деле Али, веднаш по елиминацијата упати извинување до сите фанови на неговиот тим кои беа на стадионот. „Сакам да им се извинам на навивачите. Тие допатуваа до тука а ние изгубивме без борба. Начинот на кој ги примивме головите покажува дека немавме силен менталитет “ – вели Деле Али. „Не може да криеме дека имаме многу лоша сезона, но, треба да продолжиме да се бориме. Треба сите фудбалери да…

Read More

Екипата на Тотенхем вчера загуби на теренот на Лајпциг со 3-0 и со два пораза без постигнат гол ја заврши пресметката со Германците во  1/ 8 финалето во Лигата на фудбалските шампиони . Тренерот на Англичаните, Жозе Мурињо, таквиот епилог го препишува на  фактот дека тимот константно се бори со повреди на играчите. „Бев позитивен и морам да бидам. Сите верувавме дека можеме да одиме понатаму. Тешко беше, затоа што РБ Лајпциг е одличен тим“ – потенцираше Португалецот. „ Ги направивме истите грешки а тие имаа одлична средина која не притискаше. Никого не обвинувам, досега преживеавме многу трауми. Се започна…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне,  не сакал ниту да помисли на играње пред празни трибини на денешниот реванш против Ливерпул во 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Неговиот тим во реваншот со „црвените“ ќе влезе со предност од 1-0 обезбедена на првиот меч во Шпанија. „ Досега не сум бил тука ниту како играч ниту како тренер. Не сум имал можност да играм на овој прекрасен стадион, против клубот со таква богата традиција и историја. „Енфилд“ е нешто посебно“ – вели Аргентинецот. „ Да играме пред празни трибини? Да бидам искрен, слушнав за тој предлог, но, моја…

Read More

Фудбалерот на Аталанта, Јосип Иличиќ, влезе во историјата како 13-от фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој успеал да даде четири голови на еден меч. Тој вчера беше главна ѕвезда во италијанскиот тим кој славеше на теренот на Валенсија со 4:3 по што продолжи во втората елиминациска фаза во елитната конкуренција. „Не сакам да запрам, сакам да продолжам. Тоа е голема забава. Ние имавме желба барем малку да им дадеме задоволство на нашите“ вели Иличиќ кој имаше блескава ноќ на „Месталја“. „Жал ми е што немаше гледачи. По мечот во Милано, ние покажавме дека не сме повеќе изненадување. Целта…

Read More

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека нема логика мечевите во Лигата на фудбалските шампиони и Лигата на Европа да се играат без публика. Тој посочува дека е подобро средбите да се одложат отколку да се играат пред празни трибини. „Сите сме свесни со каква закана се соочуваме, во Италија лигата е суспендирана, во Шанија ќе се игра фудбал пред празни трибини и мислам дека тоа ќе дојде и тука. Е, сега друго прашање е дали има смисла воопшто да се игра фудбал без гледачи? “ – вели Гвардиола. „ Ако тие луѓе не може да дојдат на стадион,…

Read More

Фудбалската федерација на Македонија ќе побара од УЕФА да се одложи мечот со Косово закажан за 26 март на Националната Арена „Тодор Проески“ во рамите на Лигата на нации. ФФМ ќе се определи на таков чекор поради мерките што македонската влада ги презема од денеска меѓу кои влегува изолација на сите што доаѓаат од високо-ризичните подрачја во кои има заразени со корона-вирусот.  Бидејќи меѓу нив во преден план е Италија а таму има дури тројца наши интернационалци: Горан Пандев (Џенова), Елиф Елмас (Наполи) и Илија Несторовски (Удинезе), ФФМ размислува за пролонгирање на дуелот, најави портпаролот Златко Андоновски. Во меѓувреме УЕФА…

Read More

Министерот за здравство Фенко Филипче денеска на прес конференција објави дека се забрануваат спортски настани со присуство на публика во следните 30 дена што автоматски значи дека мечот Македонија – Косово ќе се игра пред празни трибини. „Се забрануваат секакви спортски настани со публика во следните 30 дена на територијата на цела Македонија. Се забрануваат секакви активност во градинки, основни и средни учичишта во следните 14 дена, како и јавни собири на отворено и затворено со над 1.000 луѓе“ -објави Филипче на прес-конференцијата. Тоа значи дека и ракометарите на Вардар наредните дуели со Нексе во СЕХА и Пик Сегед во…

Read More

Наредните две кола во елитниот фудбалски шампионат на Шпанија ќе бидат одиграни пред празни трибини, одлучија шпанските власти кои преземаат сериозни мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот. На таа тема се дискутираше и во текот на изминатата седмица за сега конечно да се донесе одлука. По наредните два викенда ќе следи репрезентативна пауза, по што дополнително ќе биде разгледана ситуацијата. Доколку се стави под контрола ситуацијата со корона-вирусот, тогаш во месец април навивачите ќе се вратат на трибините, во спротивно, ќе се продолжи со натпревари без публика.

Read More