Првите луѓе на фудбалскиот состав, Ливерпул, размислуваат да му го продолжат договорот на холандскиот интернационалец, Жоржињо Вајналдум, кој во тековнава сезона се наметнува како еден од главните играчи во тимот. Според англиските медиуми, „црвените“ ќе му предложат на 29-годишниот играч нова соработка до летото во 2023-та бидејќи неговиот сегашен договор истекува во наредната година. Ќе потсетиме дека црномурестиот фудбалер во 2016-та година го напушти Њукасл за 28 милиони евра и се пресели на „Енфилд Роуд“. Тој во тековнава сезона одигра 38 средби и постигна 5-ет голови.
Author: dino
Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, може да ги напушти англичаните и да се пресели во редовите на Јувентус доколку двата тима се определат да направат трампа на играчи. Медиумите и во Англија и во Италија пишуваат дека премиер-лигашот сака да го ангажира членот на „старата дама“, Миралем Пјаниќ и дека за таа цел може во спротивен правец да го испрати Португалецот. Наводно, во целиот трансфер екипата од Торино ќе треба да доплати околу 20 милиони евра.
Кошаркарскиот Куп на Македонија во иднина ќе се вика –„КУП Благоја Георгиевски – Буштур“ во чест на нашата легенда која неодамна трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа, беше одлучено на денешната седница на нашата кошаркарска Федерација. Нема сомневање дека популарниот Буштур остави огромен белег во мак-бескетот и дека заслужи неговото име да остане вечно во македонскиот спорт. – Куп натпреварите кои се дел од календарот на федерацијата, да се именува како „КУП Благоја Георгиевски – Буштур“ во чест на нашата легенда, кој прерано нè напушти“ – гласи објавата на КФСМ.
Фудбалерите на Вардар би биле новите шампиони на нашава земја а Пелистер и Беласица нови членови на елитната конкуренција во наредната сезона доколку УЕФА предложи да има прекин на сите првенства поради пандемијата на корона-вирусот и да им додели титули на екипи кои се на врвот до моментот на прекинување на активностите. Тоа значи и местата за излез во Европа да се распоредат по тековниот изглед на табелата. На утрешниот состанокот во европската куќа на фудбалот ќе се разгледува евентуалното одложување на Европското првенство кое треба да се реализира од 12 јуни до 12 јули а ќе се донесе одлука…
Фудбалската федерација на Македонија следејќи ги заклучоците, мерките, препораките и забраните на Владата поврзани со заштита и превенција од коронавирусот SARS-CoV-2, како и прогласувањето на пандемија од страна на Светската здравствена организација, донесе одлука за одложување на Редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија кое беше закажано за 21. март 2020 година. Јавноста и фудбалското семејство навремено ќе бидат известени за терминот за одржување на Редовното годишно Собрание кој дополнително ќе се утврди. Имајќи го в предвид пред се здравјете на фудбалерите, гледачите и сите други фудбалски актери, Фудбалската федерација на Македонија постојано ја следи ситуацијата со коронавирусот SARS-CoV-2и постапува согласно…
Манчестер Јунајтед стана уште еден клуб кој го следи напаѓачот на Фиорентина, Федерико Киеза. „Црвените ѓаволи“ кои го следат настапот на Италијанецот уште од почетокот на сезоната, го идентификувале како опција за зајакнување на нападот во текот на летото. Киеза е производ на училиштето во Фиорентина, каде што започна да тренира во 2007-ма и помина девет години. Тој влезе во првиот тим во 2016 година и брзо стана еден од главните играчи на „виолетовите“. Од почетокот на сезоната тој има 7 голови и 3 асистенции на 23 натпревари во Серија А. Тој исто така има 17 натпревари и 1 гол…
УЕФА планира победниците во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа да бидат добиени по два мини турнира со учество на четири екипи. Утре се очекува Европскиот фудбалски центар да го одложи Евро 2020. Тоа ќе овозможи домашните првенства да завршат во јуни и јули. Еве што е вклучено во планот на УЕФА за евро-конкуренцијата. Натпреварите од 1/8-финалето треба да се играат нормално кога ќе се создадат услови додека во четврт-финалето да има само еден меч на неутрален терен. Победниците од тие четири дуели ќе одат на Ф4. Во Лигата на шампионите турнирот ќе се одржи во Истанбул. Истата…
Фудбалската конфедерација на Бразил донесе одлука да ги суспендира сите фудбалски натпреварувања во државата. „Остануваме во постојан контакт со Министерството за здравство и ќе вложиме голем труд земјата и спортот да го надминат предизвикот на пандемијата во надеж дека што побргу ќе се вратиме во нормала“ – стои во соопштението од бразилската фудбалска конфередеција. Последните натпревари кои беа одиграни во Бразил беа без прусуство на публика.
Сите фудбалери и членовите на стручниот штаб на Ливерпул доцна синоќа се ставени во самоизолација што ќе трае во наредните 14 денови. По тој период во кој ќе се дознае дали има уште заразени од корона-вирусот откако беше обелоденето дека еден фудбалер на „црвените“ е позитивен на Ковид-19. Станува збор за Жоел Матип кој откако ја санираше повредата беше максимално вклучен во тренинг процес и имаше контакти со другите фудбалери.
Фудбалерот на Барселона, Артуро Видал, кој јавно истакна дека не ја добива посакуваната минутажа на – „Камп Ноу“, планира во текот на летниот трансфер период да се врати во Серија „А“. Наводно, за неговите услуги се заинтерсирани неговиот поранешен тим Јуве и екипата на Интер која заедно со „старата дама“ и Лацио, останува во трката за шампионската титула. Според проценките, Каталонците за потписот на чиленаскиот интренационалец ќе побараат повеќе од 15-ет милиони евра.
