Author: dino

Шпанскиот фудбалски состав Барселона ќе го стави на трансфер-листата Антоан Гризман иако пред само една година за потписот на Французинот на Атлетико Мадрид му беа платени големи 120 милиони евра. Напаѓачот вчера наполни 29 години а каталонците се свесни дека треба што поскоро да го продадат ако сакаат да си ги вратат парите. Бидејќи Шпанците најавија дека ќе го враќаат Нејмар и дека ќе направат напор да дојдат до голгетерот на Интер, Лаутаро Мартинез, повеќе од јасно е дека Гризман ќе биде вишок во нападот.

Read More

Првите луѓе на англискиот фудбал по секоја цена сакаат да ја завршат сезоната. Откако во четвртокот  челниците на ФА заедно со тимовите од Премиер лигата донесоа заклучок првенството да продолжи во мај, сега се разгледува опцијата шампионатот да продолжи на 1 јуни и да се доигра за само шест недели без присуство на публика. Според „Телеграф“, клубовите се подготвени да се откажат од едно место во Лигата на Европа само да се доигра сезоната. Тоа значи првите четири од табелата да одат во групната фаза во Лигата на шампиони,  5-от и 6-от во групната фаза од Лига Европа додека екипата…

Read More

Кошаркарите на Виртуз Болоња на барање на сопствениците на екипата ќе се вратат во тренинг процес иако последните вести од Италија велат дека се зголемува бројката на починати лица како последица на корона-вирусот. Веста за враќањето на играчите во салата ја потврди и тренерот Александар Ѓорѓевиќ, кој потенцира дека ќе продолжат со подготовките иако сите натпреварувања се ставени во мирување. Српскиот стратег вели дека сопствениците на клубот побарале кошаркарите да бидат во форма и дека ќе направат дезинфекција на целиот тренинг-центар.

Read More

Црното сценарио поврзано со пандемијата на корона-вирусот во Италија, го натера првиот човек на фудбалскиот тим Бреша, Масимо Челино, да излезе со негово видување околу продолжувањето на сезоната. „Треба да бидеме луди за да ја  продолжиме сезоната. Мислам дека нема шанси за такво нешто. Купот на Италија, Скудетото, ако ги сака претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, дајте му ги. Како може да зборуваме за титула во Серија „А“ кога имаме пандемија? –рече првиот човек на Бреша. Претседателот на Бреша, Челино, тврди дека сезоната е завршена и дека нема логика да се игра фудбал

Read More

Легендарниот француски ракометар, Лук Абало, кој сакаше да стави крај на кариерата се премисли и пензионирањето го одложи за уште една година. Причина за неговиот потег е тековната состојба со пандемијата на корона-вирусот. „Не сакам да имам ваков крај на кариерата. Мислам дека ќе играм уште една година“ – потенцираше ракометарот на ПСЖ. Крилото на тимот од Париз е дел од ѕвездената селекција на „триколорите“ која освои многу трофеи меѓу кои и два златни медала на летните Олимписки Игри во 2008 и 2012 година.  

Read More

Мино Раиола кој е еден од највреднуваните фудбалски менаџери, изјави, дека сака да направи договор со Реал Мадрид и да однесе на „Сантијаго Бернабе“ неколку негови клиенти. „Ќе бидам горд ако мои фубалери заиграат за Реал Мадрид бидејќи тој е голем клуб. Цело време сум во контакт со генералниот директор, Хозе Анхел Санчез“ -изјави Раиола. Веројатно во преден план излегува евентуален трансфер на Пол Погба кој во текот на летото би можел да ги напушти „црвените ѓаволи“ и да се пресели во Шпанија.

Read More

Фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ, во текот на летото ќе ги напушти Каталонците. Тој во тековнава сезона откако го загуби првотимскиот статус, изјави дека не е среќен во Барселона и дека неколку европски клубови се заинтересирани за неговиот потпис. Според медиумите за одличниот играч од средината на теренот се заинтересирани Интер и Јувентус, но, тој сака да остане во Шпанија. Наводно, Ракитиќ донел одлука да се врати во Севилја или во тимот во кој ја доживеа фудбалската афирмација во периодот од 2011 до 2014 година.

Read More

На денешниот состанок реализиран преку конференциска видео-врска со десетте клубови кои се дел од Првата лига-мажи, беше донесен заклучок, во текот на денот, федерацијата да ги добие сите предлози од страна на клубовите и за кратко време да донесе конечно решение. Тоа значи до  20.март (петок), до 12.часот, претставниците на десетте клубови од Првата лига-мажи, во писмена форма, да ги достават своите размислувања, предлози, сугестии, барања кои се поврзани со понатамошното функционирање на нашето најквалитетно натпреварување. По разгледувањето на ставовите на прволигашите, во најкраток рок, во координација со ФИБА, раководството на КФСМ ќе донесе конечна одлука. Според расположението на клубовите и реалните услови, шампионат…

Read More

Фудбалската асоцијација на Англија максимално ќе ја искористи одлуката на УЕФА да го помести ЕВРО 2020 за наредната година. На денешниот состанок помеѓу ФА, Премиер-лигата и ЕФЛ, е договорено дека сезоната нема да биде прекината или поништена и дека ќе продолжи кога ќе се создадат услови. За таа цел е променето  правилото дека сезоната мора да финишира најдоцна на 1. Јули. Бордот на ФА го промени правилникот и одлучи дека таа точка нема да има значење за сезоната 2019/20. Тоа значи дека возбудувањата во Премиер-лигата најверојатно ќе продолжат во летните месеци бидејќи суспензијата на сите фудбалски активности ќе трае до…

Read More

Фудбалерот на Милан, Тео Ернандес, кој во изминатото лето пристигна од Реал Мадрид за 20 милиони евра, успеа да се претвори во еден од најдобрите леви бекови во Европа. Весникот „Газета дело Спорт“ пренесува дека Јувентус е силно заинтересиран за Французинот и затоа подготвил понуда од 50 милиони евра. 22-годишниот  дефанзивец до прекинот на Серија „А“ одигра 25 натпревари за Милан со ефект од 6 голови и 2 асистенции. Денеска дел од медиумите на „Чизмата“ неочекувано најавија дека Ернадес може да се пресели во редовите на „старата дама“.

Read More